Отпаѓаат делови од Мостот на желбите во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 14 јануари 2018

most2ees.jpgМостот на желбите кој го поврзува Канео со делот   кaj црквата Света Софија  во Охрид,се распаѓа.Од дрвената конструкција испадната се  талпи на ивиците на мостот,на смата патека има големи пукнатини и штрчат клинци и железа.Оваа најбрза копнена врска на жителите од Канео со Чаршијата е донација на бизнисменот Велија Рамковски.

Бившиот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески пред неколку години сакаше да го урне мостот,но на тоа се спротивставија жители од Канео  и претставници на невладини организации.Револтот беше силен,па Бакрачески се откажа од намерата.Тој тогаш  велеше дека мостот е дивоградба.Но ниту го урна,ниту изгради нова пешачка патека од Kанео до Света Софија

most1ees.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во зависност од проектот ќе ја знаеме дефинитивната судбина на мостот на желбите. Мостот на желбите е изграден без основен проект  и за него   пред да се почне со градба    не се изјасниле експерти во делот на архитектурата и градежништвото ниту дале свое мислење или изработиле основен проект врз  кој што може да биде изграден. Овој мост е потполно небезбеден за  пешаците кои што минуваат по него. Ние во овој период се надеваме дека ќе успееме во соработка со стручни лица да извршиме некои корекции во насока на подобрување на безбедноста на овој мост се до конечна реализација на проектот за комплетна пешачка патека од пристаниште до Канео,кажа пред четири години Бакрачески.

most3ees.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Овој мост беше донација на бизнисменот Велија Рамковски.Оштетувањата на конструкцијата предизвикани од брановите ги поправаа луѓето кои држат кафулиња во Канео.Локалната тука немаше ингеренции.Поради потребата на  жителите од туристичката населба да имаат брза врска со градот ние ќе продолжиме да се грижиме за Мосотот на желбит,ни рекоа од локаланата самоуправа.

 

Мостот беше изграден пред околу една деценија,а него најмногу го користат жителите на рибарската населба Канео,бидејќи тоа е им е најблиска и најбрза врска со градот и бројни туристи,посебно преку летото,кои одат до плажата во Канео.

Последни измени ( недела, 14 јануари 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive