Почнува Вевчанскиот карневал,полицијата предупредува PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 12 јануари 2018
vevcan1u.jpgВечерва почнува познатиот Вевчански карневал на кој се очекува да присуствуваат околу  десеттина илјади гости кои сакаат да ја проследат оваа паганска манифестација,стара со векови.Во меѓувреме пристигнаи  предупредување  од полицијата,

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод годинешниот Вевчански карневал, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план.

Во текот на карневалските денови, мерките на СВР Охрид и полициската станица од Струга се насочени кон зачувување на стабилна безбедносна состојба на целото подрачје во јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот.

Со оглед дека јавните карневалски манифестации ќе се одржуваат на отворен простор и во присуство на зголемен број граѓани и гости од земјава и странство, полициски службеници ќе вршат физичко и сообраќајно обезбедување на карневалските манифестации.

Целокупниот сет безбедносни мерки за непречено одвивање на Вевчанскиот карневал, деновиве беше презентиран на работна средба помеѓу претставници на СВР Охрид и на локалната самоуправа од Вевчани. Притоа, од локалната самоуправа беа побарани   дополнителни активности на нивните редарски и други служби во насока на подобрување на севкупните состојби за  непреченено одржување на карневалот.

Од работната средба произлезе апел до граѓаните, во текот на карневалските прослави да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.

 

 

 

Последни измени ( петок, 12 јануари 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive