Виз-ер превезе 1,2 милиони патници PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 11 јануари 2018

viz1qqq.jpgВо 2017 година, Виз ер, водечкиот авиопревозник во Македонија, превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20% на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии. Во текот на годината, Виз ер ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од главниот град на Македонија до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

 

- 2017 беше година на масовна експанзија на Виз ер. Постигнавме значителен пораст во сите аспекти на бизнисот со што Виз ер стана една од најбрзорастечките авиокомпании  поставувајќи  темели за континуиран раст во текот на следната декада. Со нашиот докажан бизнис модел со ултра ниски трошоци, висококвалификуван тим ориентиран кон клиентите, млада и модерна флота и одлична вредност на услугите, позиционирани сме како авиокомпанија која ја бираат доброинформирани патници-патувачи во сите земји каде што летаме, и ќе продолжиме со конзистентниот и брз пораст носејќи уште повеќе можности во Европа и пошироко – изјави Јозеф Варади, Главен извршен директор на Виз ер.

 

Продолжувајќи со силниот напредок, Виз ер годинава има 1,6 милини седишта за продажба од македонските дестинации, 23% повеќе отколку во претходната година. Со ново најавената линија Охрид – Виена, Виз ер сега нуди 30 ниско буџетни дестинации во 14 земји од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и во Охрид.   

-Како авиокомпанија со најголем удел во патничкиот авиосообраќај, очекуваме Виз ер да продолжи со развојот на нивниот бизнис на македонскиот пазар, притоа инвестирајќи во нови дестинации и зголемување на фреквенциите на постојните авиолинии. Сите новововедени дестинации во овој сегмент се докажаа како успешни, односно ја зголемија побарувачката уште повеќе. ТАВ Македонија, како и секогаш, и понатаму ќе остане фокусирана кон проширување на мрежата на авиолинии, но исто така и кон главната цел - да обезбедиме висококвалитетни услуги за нашите патници и за нашите клиенти, изјави Алпер Ерсој Генерален директор на ТАВ Македонија.   

 

Виз ер објави дека во текот на 2017 година имаше рекорден број патници од македонските аеродроми, значително ги прошири своите операции, направи најголема нарачка на воздухоплови, почна делумно спонзорирана шема за обука на аспиранти за пилоти и воведе бројни подобрувања на искуството на клиентите.

 viz1qq.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во 2017 година, Виз ер превезе повеќе од 28 милиони патници на своите нискобуџетни линии, околу 24% повеќе отколку во 2016 година. Флотата на Виз ер е засилена со 14 нови воздухоплови, 13 "Ербас А32" и еден "Ербас А320",  со што вкупно се 88 воздухоплови. Дополнителните воздухоплови, исто така, создадоа дополнителни 600 директни работни места во авиокомпанијата, со повеќе од 3.500 професионалци работат во авиокомпанијата со свои бази на 27 аеродроми во 15 земји, вклучувајќи ги и двете најнови бази во Лондон -Лутон во Англија и Варна во Бугарија. Виз ер, исто така, продолжи да ја развива својата мрежа на дестинации, со дополнителни седум аеродроми и повеќе од 100 нови услуги кои ја развија мрежата на речиси 600 линии на 145 дестинации во 44 земји.

 

Авиокомпанијата ја потпиша со "Ербас" својата најголема нарачка на воздухоплови за купување на уште 146 авиони "Ербас A320neo Family". Новиот договор, откако ќе биде одобрен од страна на акционерите на компанијата, ќе го донесе бројот на нарачки на Виз ер со "Ербас" на 282 авиони, обезбедувајќи редовен прилив на воздухоплови до крајот на 2026 година и овозможувајќи авиокомпанијата да продолжи да расте, како и да ја обнови и да ја задржи својата флота како една од најмладите и најефикасните во Европа.

 

Истакнувајќи ја својата заложба за обезбедување на одлично искуство со клиентите, Виз ер исто така ги зголеми димензиите на бесплатниот багаж за 50%, дополнително ги подобри своите онлајн платформи, вклучувајќи го и најсовремениот веб-сајт и мобилната апликација WIZZ и лансираше иновативни производи (Fare Lock, Flexible Travel Partner) за да им обезбеди поголема флексибилност на клиентите.

ТАВ Македонија ја заврши 2017 година со 2 милиона патници (2.027.344) на скопскиот и охридскиот аеродром, што претставува пораст за 13% споредено со 2016 година. Во исто време со порастот на патничкиот авиосообраќај, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Пациентите со Алпортов синдром на средба во Охрид
retka1ws.jpgПациентите со ретката болест Алпортов синдром и на нивните семејства од балканските земји од 31 август до 2 септември во Охрид ќе одржат конференција на која ќе учествуваат и лекари и пациенти од Македонија, Србија, Хрватска, Германија, Холандија. Ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат, но и за можаноста да се дојде до подобра и навремена дијагностика, за можните новини во третманот на оваа болест и третманот на последиците од неа.
Читај повеќе...
 
Аргентинецот Бертола најдобар на пливачката трка
usp1ww.jpgНа 18.08.2018 во Охрид се одржа интернационална маратонска трка во олимписката дисциплина од 10 километри, Гиљермо Бертола од Аргентина прв ја мина целта, нашата Ева Петровска стана најмладата и прва Македонка која ја преливала оваа дистанца.
Читај повеќе...
 
Честитка од градоначалникот за Курбан Бајрам

jovan1tt.jpgГрадоначалникот на Охрид Јован Стојаноски на граѓаните од муслиманска вероисповест им го честита Курбан Бајрам.

 

Читај повеќе...
 
Во "Света Софија" се слушаа дела од македонски автори
jasna200.jpgВо полната „Св. Софија“ синоќа на Охридско лето, со свечен концерт беа одбележани годишнините од раѓањето на тројца истакнати македонски композитори, 75 години од раѓањето на Ристо Аврамовски (1943-2007), 90 години од раѓањето на Драгослав Ортаков (1928-2007) како и 77-годишнината од раѓањето на Стојан Стојков.
Читај повеќе...
 
Искршена таблата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
sas1qq.jpgЗасега непознати сторители ја искршиле таблата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.По повод овој инцидент на социјалните  мрежи се појавија повеќе саркастични коментари.
Читај повеќе...
 
Во Езерото се појави мрсна дамка,пливаат стаорци
staor1wee.jpgПопладнево во Охридското езеро, на градскиот кеј пред хотелот “Палас” се појави голема мрсна дамка,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
На Охридско лето настапиле 800 уметници од 27 земји

denesen1ww.jpgПатот кој го зацртавме на самиот почеток  на фестивалот „Охридско лето“ успешно го изодевме. Реализиравме богата уметничка програма без ниту едно откажување, се покажавме како добри домаќини пред околу 800 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од 27 земји од светот, истакна денеска на завршната прес-конференција посветена на 58-то Охридско лето директорката на оваа Национална  установа, Сузана Вренцовска.

Читај повеќе...
 
Го претепал во обложувалница во Враништа

oblo1qq.jpgНа 17.08.2018 година во 11,30 часот во спортска обложувалница во село Враништа, поради претходно нарушени меѓусебни односи Г.Ј. од Струга физички го нападнал Б.М.(60) од село Враништа. На Б.М. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Невремето го издува покривот на хотел "Палас"

letnapok1qq.jpgНевремето што попладнево беснееше во Охрид поплави многу улици,но го откорна и покривот на хотелот Палас,а уништи и многу бавчи на охридски домаќини.

Читај повеќе...
 
Давање под закуп на недвижен имот

kod5a.jpgВрз основа на Одлуката за давање во закуп на недвижен имот бр.08-10563/47 донесена на ден 27.07.2018 година од страна на Советот на Општина Охрид, Извештајот  на овластеното лице  бр. Н510518 од 17.05.2018 година за извршена проценка на пазарната вредност на недвижен имот-деловен простор кој е предмет на закуп, а врз основа на член 24, 25 и 38 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост(Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15,190/16 и 21/18, Комисијата формирана со решение на Градоначалникот објавува:

ОГЛАС БР.1/2018
            за давање под закуп недвижен имот-деловен простор(објава по прв пат)

Преземи ОГЛАС [pdf]

Преземи ПРИЈАВА [word]

 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive