Почина режисерот Љупчо Тозија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 10 јануари 2018
tozija1q.jpgВчера во Скопје почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Македонија во Италија. Имаше 71 година.

По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија, во Рим. Беше автор, режисер, уредник на редакции, сѐ до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Љупчо Тозија е сопруг на актерката Сабина и татко на режисерот Вардан Тозија, и брат на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ке бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive