Семејството Версаче против серијата за Џани PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 09 јануари 2018
versace1q.jpgПред премиерата на ТВ-серијата „Американска крими приказна: убиството на Џани Версаче”, конечно, се огласи и семејството на легендарниот моден дизајнер.

„Семејството Версаче ниту даде дозвола, ниту учествуваше во создавањето на ТВ-серијата за смртта на Џани Версаче. Бидејќи Версаче не ја одобри книгата на којашто е делумно заснована, ниту, пак, учествуваше во пишувањето на сценариото, оваа телевизиска серија треба да се смета за фикција”, се вели во соопштението на семејството издадено преку модната куќа.

Втората сезона на популарната серија, која почнува на 17 јануари, ќе го испита убиството што го изврши Ендрју Кјунанан во 1997 година.

Едгар Рамирез го игра Версаче, Дарен Крис – Кјунанан, а Пенелопе Круз ја глуми сестрата на дизајнерот, Донатела.

Сценариото делумно е засновано на книгата на Морин Орт од 1999 година, „Вулгарни фаворити: Ендрју Кјунанан, Џани Версаче и најголемиот неуспешен обид во американската историја”.

 

Од телевизиското студио „Фокс 21“ и „Еф-Екс продакшнс“, кои се продуценти на серијата, изјавија:

„Како и првата сезона од ‘Американската крими приказна: народот против О Џеј Симпсон’ , која се базираше на бестселерот на Џефри Тобин, така и ‘Убиството на Џани Версаче’ се базира на книгата на Орт, која ги истражуваше животот и криминалните дејствија на Кјунанан“.

Извршниот продуцент Том Роб Смит призна дека сценаристите морале да пополнат празнини во одредени делови од приказната, но демантираше дека некои од настаните се преувеличени.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive