Над два милиони патници патувале преку охридскиот... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 09 јануари 2018

al1q.jpgДва милиона патници (2.027.344) патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година, соопштуваат од ТАВ Македонија, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година.  

- Завршивме уште една успешна година за ТАВ Македонија, достигнувајќи 2 милиона патници на двата аеродрома „Александар Велики“ – Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, со пораст од 13% споредено со 2016 година. Ова е резултат на новите линии што беа додадени на нашата мрежа на скопскиот и на охридскиот аеродром. Пет нови дестинации – Будимпешта, Малта, Рим, Ваксјо и Доха почнаа да сообраќаат од/до аеродромот во Скопје, додека на аеродромот во Охрид воведовме нови сезонски летови од Катовице, пречекувајќи полски туристи за прв пат. Во 2018 година и понатаму ќе бидеме фокусирани на проширување на мрежата со авиолинии, но исто така и на нашата цел да обезбедиме услуги со висок квалитет на нашите патници и клиенти - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија 

 

Паралелно со порастот во сообраќајот на патници, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

 

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од скопскиот аеродром во 2017 година беа Истанбул (аеродромите Ататурк и Сабиха Гокчен) со 12,3% пазарен удел, Цирих (8,6%), Виена (6,5%), Базел (5,3%), Малме (4,6%) и Лондон (3,7%).

 

Во однос на уделот на авиокомпаниите во сообраќајот на патници, Виз ер има превезено најголем број патници со 59% пазарен удел.    

 

Седми август беше најфреквентниот ден на аеродромот во Скопје во 2017 година, кога вкупно 8.283 патници беа превезени со 98 летови, како резултат на УЕФА Супер купот.   

 

Скопскиот аеродром во 2017 година го забележа најпрометниот август досега, опслужувајќи 216.409 патници со 23,7% пораст на годишно ниво.  

Покрај значителниот пораст на бројот на патници, 2017 година исто така беше успешна за ТАВ Македонија и поради тоа што SkyTrax го рангираше скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа, што е трет пат по ред, по 2015 и 2016 година.   

Во моментов, мрежата на линии на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје има вкупно 36 дестинации, а 11 редовни авиокомпании ги опслужуваат овие линии. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид има 3 редовни дестинации во текот на целата година и 4 дополнителни сезонски чартер-дестинации во текот на летото. Три нови сезонски авиолинии од Охрид до Варшава, Талин и Ајндховен се најавени да бидат воведени во 2018 година.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Пациентите со Алпортов синдром на средба во Охрид
retka1ws.jpgПациентите со ретката болест Алпортов синдром и на нивните семејства од балканските земји од 31 август до 2 септември во Охрид ќе одржат конференција на која ќе учествуваат и лекари и пациенти од Македонија, Србија, Хрватска, Германија, Холандија. Ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат, но и за можаноста да се дојде до подобра и навремена дијагностика, за можните новини во третманот на оваа болест и третманот на последиците од неа.
Читај повеќе...
 
Аргентинецот Бертола најдобар на пливачката трка
usp1ww.jpgНа 18.08.2018 во Охрид се одржа интернационална маратонска трка во олимписката дисциплина од 10 километри, Гиљермо Бертола од Аргентина прв ја мина целта, нашата Ева Петровска стана најмладата и прва Македонка која ја преливала оваа дистанца.
Читај повеќе...
 
Честитка од градоначалникот за Курбан Бајрам

jovan1tt.jpgГрадоначалникот на Охрид Јован Стојаноски на граѓаните од муслиманска вероисповест им го честита Курбан Бајрам.

 

Читај повеќе...
 
Во "Света Софија" се слушаа дела од македонски автори
jasna200.jpgВо полната „Св. Софија“ синоќа на Охридско лето, со свечен концерт беа одбележани годишнините од раѓањето на тројца истакнати македонски композитори, 75 години од раѓањето на Ристо Аврамовски (1943-2007), 90 години од раѓањето на Драгослав Ортаков (1928-2007) како и 77-годишнината од раѓањето на Стојан Стојков.
Читај повеќе...
 
Искршена таблата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
sas1qq.jpgЗасега непознати сторители ја искршиле таблата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.По повод овој инцидент на социјалните  мрежи се појавија повеќе саркастични коментари.
Читај повеќе...
 
Во Езерото се појави мрсна дамка,пливаат стаорци
staor1wee.jpgПопладнево во Охридското езеро, на градскиот кеј пред хотелот “Палас” се појави голема мрсна дамка,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
На Охридско лето настапиле 800 уметници од 27 земји

denesen1ww.jpgПатот кој го зацртавме на самиот почеток  на фестивалот „Охридско лето“ успешно го изодевме. Реализиравме богата уметничка програма без ниту едно откажување, се покажавме како добри домаќини пред околу 800 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од 27 земји од светот, истакна денеска на завршната прес-конференција посветена на 58-то Охридско лето директорката на оваа Национална  установа, Сузана Вренцовска.

Читај повеќе...
 
Го претепал во обложувалница во Враништа

oblo1qq.jpgНа 17.08.2018 година во 11,30 часот во спортска обложувалница во село Враништа, поради претходно нарушени меѓусебни односи Г.Ј. од Струга физички го нападнал Б.М.(60) од село Враништа. На Б.М. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Невремето го издува покривот на хотел "Палас"

letnapok1qq.jpgНевремето што попладнево беснееше во Охрид поплави многу улици,но го откорна и покривот на хотелот Палас,а уништи и многу бавчи на охридски домаќини.

Читај повеќе...
 
Давање под закуп на недвижен имот

kod5a.jpgВрз основа на Одлуката за давање во закуп на недвижен имот бр.08-10563/47 донесена на ден 27.07.2018 година од страна на Советот на Општина Охрид, Извештајот  на овластеното лице  бр. Н510518 од 17.05.2018 година за извршена проценка на пазарната вредност на недвижен имот-деловен простор кој е предмет на закуп, а врз основа на член 24, 25 и 38 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост(Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15,190/16 и 21/18, Комисијата формирана со решение на Градоначалникот објавува:

ОГЛАС БР.1/2018
            за давање под закуп недвижен имот-деловен простор(објава по прв пат)

Преземи ОГЛАС [pdf]

Преземи ПРИЈАВА [word]

 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive