"Мерцедесот" на Хитлер оди на аукција PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 30 декември 2017
mercede1q.jpgКласичен „мерцедес“, во кој своевремено се возел Адолф Хитлер, ќе се продава на аукција во јануари, а парите ќе бидат дадени во фондации кои едуцираат за Холокаустот.

„Мерцедес-Бенц 770К грос опен турер“ од 1939 година бил користен од Хитлер на раскошните нацистички паради, пред да биде запленет од сојузничките сили.

Автомобилот бил направен по специјална нарачка од самиот Хитлер, кој го користел при посетите на државници од пријателски земји. Тој првпат бил виден во јавност во октомври 1939 година, а потоа и во парадата во 1940 година, во чест на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

Автомобилот се користел при посетите на државници од пријателски земји

Бидејќи бил наменет да превезува светски лидери, на автомобилот се додадени и низа безбедносни мерки, како 30 милиметри дебелото ветробранско стакло отпорно на куршуми.

По завршувањето на војната, „мерцедесот“ бил запленет од американската војска и предаден на користење на командата на воената полиција, стационирана во францускиот град Л‘Авр. Тој потоа бил однесен во САД, смени неколку сопственици, пред да биде продаден во Европа во 2004 година.

Погонет од 7,7-литарски осумцилиндричен мотор, тој можел да постигне максимална брзина од 106 километри на час.

„Со ова возило не сакаме да го величиме Хитлер. Напротив, ова е еден неверојатен автомобил, направен од талентирани луѓе и врв на автозанаетчиството“, вели историчарот Лудвиг Коше.

Извор:СДК

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive