Параолимпијка спасот го гледа во евтаназија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 27 декември 2017
paraol1qq.jpgБелгиска параолимпијка, која изјави дека сака да биде евтаназирана по настапот на Параолимписките игри 2016 во Рио, објави дека е подготвена да стави крај на својот живот. Триесет и осумгодишната Марике Ферфорт го воодушеви светот кога освои сребрен медал во трка со колички, иако страда од неизлечива, дегенеративна болест на ‘рбетот.

Големата спортска хероина вели дека живее во постојани болки и уште во 2008 година има потпишано документи за евтаназија, која е легална во нејзината земја.

„Болките станаа неиздржливи. Не сакам веќе да страдам. Веќе не можам да спијам, го губам видот, а лековите против болки сѐ помалку делуваат. Претешко ми е, станувам сѐ подепресивна, вакви чувства не сум имала досега, многу плачам. Имам напади и моето тело вреска“, откри Ферфорт во интервјуто за „Дејли телеграф“.

Таа вели дека веќе ги има разработено сите детали од својата смрт и сака нејзината пепел да биде истурена во Ланцароте, каде што поминуваше Божиќ во последните десет години.

Здравствените проблеми на Ферфорт почнаа во 2000 година, кога беше погодена од ретка болест, дегенеративна тетраплегија, што ја парализираше.

Кога стана врзана за количка во 2008 година, ги замени кошарката и триатлонот со спринтот со колички и првиот медал го освои на Параолимписките игри 2012 во Лондон.

„Датумот кога ќе ја земе смртоносната инјекција не е утврден, но тој ден е блиску“, изјави нејзиниот татко Јос.

Евтаназијата беше легализирана во Белгија во 2002 година и за неа треба одобрение од три лекари. Се проценува дека пет луѓе дневно умираат на овој начин во Белгија.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive