Собранието два пати гласаше за нов Јавен обвинител PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 25 декември 2017
sobranie100p.jpgСобранието на денешното продолжение на 22. седница двапати гласаше за изборот на нов Јавен обвинител, но не успеа да го избере Љубомир Јовевски поради недоволен број гласови. При првото гласање, „за“ беа 59 пратеници, а еден беше „воздржан“. Во повторниот обид, имаше 60 гласа „за“, но пак недоволно, бидејќи потребни се 61 глас „за“. По второто гласање, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за да можат координаторите на пратеничките групи на обезбедат кворум.

Владата на седницата на 7 ноември донесе заклучок до Собранието да го достави предлогот за Јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, откако доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, чиј член е предложениот кандидат. Претходниот Јавен обвинител Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август.

Собраниската расправа за владиниот предлог за нов Јавен обвинител заврши на 15 декември, а денеска е само гласањето на дневен ред. Опозицијата не присуствува на гласањето.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive