Нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Мицкоски,Груевски е почесен PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 23 декември 2017

mickoski1qq.jpgХристијан Мицковски е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Од вкупно 438 делегати на 16-от вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, 376 делегати гласале „за“, а имало 52 неважечки ливчиња. Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја прифати неотповикливата оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски. Партијата му даде плакета со која што беше прогласен за почесен претседател на партијата.

Никола Груевски заминува од лидерската позиција по 14 и пол години. За лидер на партијата беше избран во мај 2003 година.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како главна причина за дебаклот на локалните избори, го наведе предавството во партијата од видни поранешни и актуелни функционери, кои ги дале партиските списоци и информации до СДСМ кои влијаеле на лошиот резултат на изборите и дека таква провала во партијата не се случила 15 години.

Од 544, на вонредниот конгрес, за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово присуствуваат 418 делегати, со што беше исполнет условот за регуларен Конгрес. На конгресот не дојдоа 133 делегати.

Меѓу отсутните 133 делегати се и потписниците на иницијативата за одложување на конгресот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Антонијо Милошоски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски и други видни партиски функционери.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive