Како Вајнстин уништувал кариери на актерки PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 17 декември 2017
karieri1qq.jpgПитер Џексон откри нов момент од скандалозното однесување на Харви Вајнстин, кој се потрудил да им ги уништи кариерите на Ешли Џад и на оскаровката Мајра Сорвино, советувајќи го „по никоја цена“ да не ги ангажира во неговата славна трилогија „Господар на прстените“.

„Се сеќавам како компанијата ‘Мирамакс‘ на браќата Вајнстин ни кажа дека е ноќна мора да се работи со Џад и Сорвино и да ги избегнуваме по секоја цена. Тоа се случи во 1998 година“, се присети Џексон.

Новозеландскиот режисер вели дека во тоа време немал зошто да се сомнева во зборовите на Вајнстин.

„Сега гледам дека тоа била смислена подла кампања на ‘Мирамакс‘. Верувам дека тоа биле лажни информации за овие две талентирани жени и како резултат на тоа, нивните имиња беа тргнати од кастинг листата за филмот“.

Според Џексон, вистинската ноќна мора биле браќата Вајнстин.

„Тие се однесуваа како второкласни мафијашки насилници. Тие не беа луѓе со кои сакаш да работиш и ние затоа се повлековме“, кажа Џексон, кој потоа го сними филмот со компанијата „Њу лајн“.

Сорвино, која доби Оскар за најдобра споредна улога во филмот на Вуди Ален, „Моќна Афродита“, во 1995 година, се огласи на Твитер по повод изјавите на Џексон.

„Само што го видов ова и се расплакав. Ова е доказ дека Вајнстин свесно ја упропастуваше мојата кариера, нешто во што одамна се сомневав“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive