Јане ќе биде гостин на Погба и ќе го гледа... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 декември 2017
gostin1ww.jpgЈане Велковски ќе го гледа осминафиналниот меч од Лигата на шампиони меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Севилја како гостин на фудбалерот на англискиот тим Пол Погба. Француската ѕвезда веднаш испрати порака до 9-годишното момче, кое боледува од спинална мускулна атрофија, да биде негов гостин на фудбалски натпревар од Лигата на шампиони откако го виде видеото на Јане од кампањата на УЕФА, „Еднакви на терен“. Деновиве, менаџерот на Погба испратил и официјална покана до семејството во првата половина на март, кога ќе се игра реваншот меѓу Јунјатед и Севилја, да бидат меѓу публиката на „Олд Трафорд“, како специјални гости.

„Јане е возбуден што ќе гледа во живо натпревар на Манчестер Јунајтед и тоа во Англија, каде стадионите секогаш се полни до последно место и атмосферата е неверојатна. Пресреќен е што ќе го запознае Погба. Постојано го носи дресот кој го доби од него. Пред да одиме во Манчестер, прво имаме нова интервенција во клиниката во Париз, каде треба да му бидат продолжени имплантите кои пред две години му беа вградени во рбетниот столб. Од Париз ќе одиме во Манчестер“, вели Деница Велковска, мајка на 9-годишниот Јане.

Покрај Погба, Јане со својата приказна воодушеви и други фудбалски ѕвезди. Луис Фиго, поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Интер, објави фотографија со сликата на Јане, под која напиша „Ти си неверојатен“.

„Фудбалот ми значи сè. Кога играм фудбал, заборавам на сè. Кога гледам фудбал сум најсреќен. Јас не можам да одам, така сум роден, имам спинална мускулна атрофија. Сега сум голман, бранам во мојата електромоторна количка, можам да го водам тимот, да бидам капитен. Сонувам да можам да го добијам лекот кој ќе ми помогне да можам да одам и да бидам фудбалер како Роналдо“, вели Јане во видеото на УЕФА кое го обиколи светот.

Родителите на Јане чекаат конзилијарно мислење од Детска клиника за да побараат потоа од Фондот за здравство да им одобри лекување во странство.

„Бидејќи нема услови овде Јане да го прими лекот, кој се дава со една минихируршка интервенција лумбално, побаравме Фондот и останатите надлежни во Здравството да нè пратат таму каде им е најниска цената во Европа, за да го прими лекот. Овој лек се дава во Австрија, Германија, Италија. И самиот производител на лекот бара соодветни услови, односно стерилна сала и обучен тим, кој знае да го даде лекот“, вели Деница.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive