Кичевчани фатени со 30 килограми дрога PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 13 декември 2017

zaplena1q.jpgВо текот на вчерашниот ден (12.12.) полициски службеници од Полициската станица Кичево во содејство со припадници од криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на  Судска наредба, извршија претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47), двајцата од с. Аранѓел, кичевско. 

При претресот беа пронајдени вкупно околу 30 килограми растителна тревкаста материја (марихуана). Имено, во приземните простории на куќата сопственост на А.А. биле пронајдени три најлонски кеси во кои имало три големи пакувања - црни најлонски вреќи завиткани со селотејп трака, додека во спалната соба  во куќата на Е.А. била пронајдена една црна најлонска кеса полна со зелена растителна материја. 

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, додека А.А. и Е.А. се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive