Охриѓанецот Џепароски му даде Феникс на германски... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 12 декември 2017

djeparoski1q.jpgОхриѓанецот Борис Џепароски на германскиот град Дронхан му подари птица Феникс,изработена во дрво и со моторна пила.Сега оваа скулптура го краси едно од најубавите места на овој град во Германија и е предмет на интерес како на граѓаните,така и на гостите што престојуваат во него.

Скулптурата на птицата Феникс е изработена од дрво од костен и е висока над три метри.

 

Како жител на овој град  имав голема желба нешто да му подарам.Сакав тоа да буде знак на пријателство со Германија.Контактирав со челните луѓе во локалната власт во Дронхан,им ја изложив мојата замисла и побарав локација.Набргу добив согласност и скулптурата на птицата Феникс ја изработив со моторна пила  само за три дена на воодушевување на граѓаните од овој град”,раскажува Џепароски.

 

Џепароски вели дека оваа скулптура има и една симболика.

 djeparoski_pokraj_feniksot1a.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Птицата ја крстив како "Македонија- Феникс".Крилата се со осум пердуви од двете страни,а опашката има три пердуви, го асоцира македонското  Сонце од Кутлеш,а тоа е  асоцијајација на Пиринска,Егејска и Вардарска Македонија.Девојката е без лик ,а тоа значи бескрајност,додека Фениксот е симбол на бесмртност.Фениксот го измоделирав во знак на пријателството со Германија и во чест на Тоше Проевски.


 Ова не е прва скулптура од дрво која Борис Џепароски ја изработил со помош на моторна пила.Првата, која го претставува Исус Христос се наоѓа на Градските гробишта во Охрид,а другата е скулптура на светителот Свети Наум која е поставена во подножјето на манастирскиот комплекс.

 

И денес после дванаесет години скулпурата на Свети Наум,изработена од ореово дрво е еден од препознатливите знаци на Манастирот каде што се наоѓа Свети Наумовата црква.

izrabotka2q.jpg

 

Последни измени ( вторник, 12 декември 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive