Три жени го обвинија Трамп за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 11 декември 2017
tramp900n.jpgТрите жени кои го обвинија Доналд Трамп за сексуално вознемирување ги споделија своите приказни во шоуто на Мегин Кели на телевизијата Ен-Би-Си и Белата куќа ги отфрли нивните изјави како целосно лажни.

Сепак, Џесика Лидс, Саманта Холви и Рејчел Крукс тврдат дека недоличното однесување на сегашниот претседател на САД се повторува со децении.

„Ваквите тврдења се лажни и веќе оспорени во неколку наврати. Нивните тајминг и апсурдност зборуваат сами за себе“, соопшти Белата куќа.

Крукс го опиша демантот како смешен.

„Политичарите мислат дека се имуни на сексуалното вознемирување. Сакаме сите да знаат каков човек е Трамп и колку е перверзен“, вели таа.

Холви вели дека била многу разочарана кога Трамп победи на изборите.

„Ние сакаме да ѝ покажеме на Америка каков човек е Трамп и како ги третира жените, а луѓето се однесуваат како да не ги интересира. Тоа боли“, вели Холви.

Трите жени првпат ги открија своите искуства пред изборите во ноември минатата година и во понеделникот одржаа прес-конференција, на која што го повика Конгресот да спроведе истрага за однесувањето на Трамп.

„Во последно време се смени односот на Америка кон ова прашање. Ајде да се обидеме повторно“, додаде Холви.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive