Наградата на Охрид за д-р Никола Бошале PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 06 декември 2017

bosale1qq.jpgГодинешен добитник на  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“е проф. д-р. Никола Бошале.

Проф. Др. Никола Бошале е роден на 27 август 1929 година, по образование е д-р по социологија, но со неговите истражувачки потфати навлегува длабоко и во повеќе сфери и области како: туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија, проширувајќи ги своите сознанија и изработувајќи покомплексни анализи. Иако живее на релација Охрид – Скопје, Охрид е неговата вечна инспирација, секогаш возвеличувајќи ги неговите природни и културни богатства. Во своите дела тој се посветува на значењето на Св. Климент Охридски, на Античкиот театар, Плаошник, традиционалната архитектура, на Езерото и традиционалниот риболов, на охридските чалгии, охридската резба и нејзиниот последен патрик Димче Јанко, на градскиот стил и менталитет на живеење. Го обработува народното усно творештво, фолклорот, ликовното и литературното творештво поврзано со Охрид.

Неговата трудољубивост и дарба да ги забележува и анализира сите појави и промени, а секогаш воден од исконската љубов и грижа за Охрид го чини во вистинска смисла Најохриѓанец о сите охриѓани. Тој е во моментот најдобриот познавач и хроничар на живот во Охрид. Неговите дела се убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници. Творештвото на д-р- Никола Бошале треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец за да добие или ги прошири своите сознанија за материјалното и духовно наследство на Охрид и ќе извлече големи поуки за сите вистински вредности на Охрид што треба грижливо да се чуваат и негуваат.

 

Книгите на Бошале може да ги поделиме на 2 дела: охридски и неохридски. Никола Бошале повеќе од половината книги ги има посветено на Охрид. Придавката охридски е во голем дел од насловите на книгите: охридски Климент, охридски флоридус, па охридската визита, охридските трубадури и охридски длаборез и уште античкиот театар во Охрид и милоста кон Езерото (секако Охридско). Би рекле најголемиот дел од трудовите им ги посветил на родниот град како ниту еден друг научник, писател или историчар. Иако најголемиот дел од животот го минал надвор од Охрид, тој секогаш својот град го носи во себе. Затоа сметам дека годинашната награда,  Патрон на градот “Свети Климент Охридски“ е во вистинските раце.

Дозволете ми во свое име и во име на Општина Охрид да му ја упатам првата честитка на проф. Никола Бошале и да му посакам добро здравје и уште дела посветени на нашиот Охрид.

 

Годинашни  Добитници на  Повелбата   се проф. д-р Ангела   Крстаноска- Василевска и Супер Радио.

 

 

Проф. д-р Ангела  Крстаноска - Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд,  а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство  од 2001 година.

Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид  и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку  повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација  на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи.

Благодарение на проф. Д-р Ангела Крстаноска Василевска факултетот за туризам и угостителство располага со  најмодерна и најопремена кујна   финансирана од грантови а вклучена е и во други проекти преку кои се подржува развојот на туризмот во Охрид. Таа потврдила и дека дава голем придонес во внесување новини во неформалното образование и организирање обуки за кадри неопходни за развој на туристичкиот бизнис.

Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот   25 години и е  препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија .

 

 

 

Последни измени ( среда, 06 декември 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive