Наградата на Охрид за д-р Никола Бошале PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 06 декември 2017

bosale1qq.jpgГодинешен добитник на  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“е проф. д-р. Никола Бошале.

Проф. Др. Никола Бошале е роден на 27 август 1929 година, по образование е д-р по социологија, но со неговите истражувачки потфати навлегува длабоко и во повеќе сфери и области како: туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија, проширувајќи ги своите сознанија и изработувајќи покомплексни анализи. Иако живее на релација Охрид – Скопје, Охрид е неговата вечна инспирација, секогаш возвеличувајќи ги неговите природни и културни богатства. Во своите дела тој се посветува на значењето на Св. Климент Охридски, на Античкиот театар, Плаошник, традиционалната архитектура, на Езерото и традиционалниот риболов, на охридските чалгии, охридската резба и нејзиниот последен патрик Димче Јанко, на градскиот стил и менталитет на живеење. Го обработува народното усно творештво, фолклорот, ликовното и литературното творештво поврзано со Охрид.

Неговата трудољубивост и дарба да ги забележува и анализира сите појави и промени, а секогаш воден од исконската љубов и грижа за Охрид го чини во вистинска смисла Најохриѓанец о сите охриѓани. Тој е во моментот најдобриот познавач и хроничар на живот во Охрид. Неговите дела се убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници. Творештвото на д-р- Никола Бошале треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец за да добие или ги прошири своите сознанија за материјалното и духовно наследство на Охрид и ќе извлече големи поуки за сите вистински вредности на Охрид што треба грижливо да се чуваат и негуваат.

 

Книгите на Бошале може да ги поделиме на 2 дела: охридски и неохридски. Никола Бошале повеќе од половината книги ги има посветено на Охрид. Придавката охридски е во голем дел од насловите на книгите: охридски Климент, охридски флоридус, па охридската визита, охридските трубадури и охридски длаборез и уште античкиот театар во Охрид и милоста кон Езерото (секако Охридско). Би рекле најголемиот дел од трудовите им ги посветил на родниот град како ниту еден друг научник, писател или историчар. Иако најголемиот дел од животот го минал надвор од Охрид, тој секогаш својот град го носи во себе. Затоа сметам дека годинашната награда,  Патрон на градот “Свети Климент Охридски“ е во вистинските раце.

Дозволете ми во свое име и во име на Општина Охрид да му ја упатам првата честитка на проф. Никола Бошале и да му посакам добро здравје и уште дела посветени на нашиот Охрид.

 

Годинашни  Добитници на  Повелбата   се проф. д-р Ангела   Крстаноска- Василевска и Супер Радио.

 

 

Проф. д-р Ангела  Крстаноска - Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд,  а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство  од 2001 година.

Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид  и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку  повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација  на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи.

Благодарение на проф. Д-р Ангела Крстаноска Василевска факултетот за туризам и угостителство располага со  најмодерна и најопремена кујна   финансирана од грантови а вклучена е и во други проекти преку кои се подржува развојот на туризмот во Охрид. Таа потврдила и дека дава голем придонес во внесување новини во неформалното образование и организирање обуки за кадри неопходни за развој на туристичкиот бизнис.

Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот   25 години и е  препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија .

 

 

 

Последни измени ( среда, 06 декември 2017 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Го претепал во обложувалница во Враништа

oblo1qq.jpgНа 17.08.2018 година во 11,30 часот во спортска обложувалница во село Враништа, поради претходно нарушени меѓусебни односи Г.Ј. од Струга физички го нападнал Б.М.(60) од село Враништа. На Б.М. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Невремето го издува покривот на хотел "Палас"

letnapok1qq.jpgНевремето што попладнево беснееше во Охрид поплави многу улици,но го откорна и покривот на хотелот Палас,а уништи и многу бавчи на охридски домаќини.

Читај повеќе...
 
Давање под закуп на недвижен имот

kod5a.jpgВрз основа на Одлуката за давање во закуп на недвижен имот бр.08-10563/47 донесена на ден 27.07.2018 година од страна на Советот на Општина Охрид, Извештајот  на овластеното лице  бр. Н510518 од 17.05.2018 година за извршена проценка на пазарната вредност на недвижен имот-деловен простор кој е предмет на закуп, а врз основа на член 24, 25 и 38 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост(Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15,190/16 и 21/18, Комисијата формирана со решение на Градоначалникот објавува:

ОГЛАС БР.1/2018
            за давање под закуп недвижен имот-деловен простор(објава по прв пат)

Преземи ОГЛАС [pdf]

Преземи ПРИЈАВА [word]

 
Фестивал "Пображење"во Вевчани

vevcani99k.jpgВо периодот од 16 до 19 Август  Вевчани e домаќин на 8 по ред фестивал на народна култура ,,Пображење,, во организација на Културно Уметничкото Друштво ,, Дримкол ,, од Вевчани.


 

Читај повеќе...
 
Почна градбата на патеката од Саат кула до ОУ "Климент"
saat1we.jpgВо рамките на проектот за подобрување на патната инфраструктура во Југозападниот плански регион финансиран од Министерството за локална самоуправа, денес започна изградбата на патеката од Саат кулата до  старото училиште „ Св. Климент Охридски“ . Патеката ќе има два крака во должина од 250 и 275 метри , а за изградбата ќе бидат вложени 3 милиони денари.
Читај повеќе...
 
Низ рампи во Стар град
ra1yyy.jpgОд 20 август регулирањето на сообраќајот во стариот дел на градот  ќе се одвива со помош на рампите кои се наоѓаат кај Горна прота и на Македонски Просветители кај Поштата,известија од Ј.П. "Билјанини Извори"
 
Во недела се одржува меѓународна кајак-кану регата

radvan500kld.jpgКајак кану клубот и мотонаутика на мирни води "Стрмен" од Охрид оваа година ја организира 18-та.Меѓународна кајак-кану регата на мирни води "Охрид 2018"

Читај повеќе...
 
ВМРО-ДПМНЕ:Градот е нечист,се отвораат нови депонии

vmro9m.jpg-Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Јован Стојаноски преку бледи фотографии и празни флоскули сака да ја оправда својата неспособност и неработење пред охриѓани. Локалната самоуправа иако се обврза постојано и навремено дека ќе управува со комуналниот отпад, фотографиите од целиот град покажуваат дека таа не го чисти градот и отвора нови депонии.

Читај повеќе...
 
Нови канделабри на "Македонија"
Надлежните служби на општина Охрид, денес поставуваа нови канделабри по улицата „Македонија“. Поставувањето на канделабрите е  дел од предвидените активности на локалната власт за доуредување и разубавување на улиците во централното градско подрачје. kan2wer.jpg
Читај повеќе...
 
Делегација од Куба во посета на Општината
del1w.jpgОфицијална делегација од Куба, предводена од Геобер Гуибер Пардо, шеф на одделот за Европа на кубанското министерство за култура, оствари работна средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive