"Грашница" ќе го сочува реликтот од Десаретското Езеро PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 05 декември 2017
gra1wwd.jpgЕколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа работилница со локални чинители за изработка на план за зачувување на Белчишкото блато.

Работилницата се одржа на 4 декември 2017 г. во просториите на општина Белчишта и беше отворена од градоначалникот на општината Зоран Ногачески и модерирана од координаторот Ѓоко Зороски. Целта на работилницата беше да се добијат сознанија преку специјално дизајниран прашалник за ставовите на месното население за идниот режим на заштита кој треба да го добие блатото како дел од европската мрежа на заштитени подрачја НАТУРА 2000. По работилницата беше одржан саем со традиционална храна од зедниците кои живеат во близина на блатото.

gra3wwd.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Следна активност ќе биде поставување две информативни табли со податоци за блатото кои ќе бидат лоцирани во с. Ботун и с. Белчишта како и работилница за презентација и јавна дискусија за нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато како и прогласување Ден на Белчишкото Блато.

Инаку, Белчишкото Блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување. Блатото е реликт од некогашното Десаретско Езеро, со кое Дебарца била поплавена во плиоценот (пред 5,3–1,8 милиони години). Блатото е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми.

 

Последни измени ( вторник, 05 декември 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive