Автомобил претворен во мал хотел PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 03 декември 2017
pretvo1q.jpgПовеќето од луѓето се откажуваат од автомобилите кога ќе им се расипе моторот, но Мохамед Ал Малахем од пустинското село Ал Џаја во Јордан го претворил својот стар „фолксваген битл“ во „најмалиот хотел на светот“, како што тој тврди.

Напуштено од жители, кои се иселиле во потрага по модерен стил на живот, селото е лоцирано близу до Ал Шубак, местото на замокот Монтреал од 12. век. Ал Малахем или Абу Али, како што сите го викаат, има посетители од 2011 година, кога по пензионирањето за првпат ги отворил ’рѓосаните врати на неговиот „хотел“ покрај патот.

„Ова село е мој роден крај, тука сум роден, тука пораснав и живеев“, вели Ал Малахем.

„Сакав да започнам проект што ќе ја подобри ситуацијата на селото и ќе придонесе да се препознае на туристичките мапи, затоа што има поглед кон еден од најубавите предели во регионот“.

Иако има место за само двајца луѓе во една ноќ, Абу Али вели дека има посетители од целиот свет, дури и некои познати. Тие што нема да пронајдат место за спиење, можат да уживаат во традиционален појадок или ручек, подготвен од неговите жена и ќерки.

Една ноќ во „фолксвагенот“ чини 40 јордански динари или 56 долари.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive