Колку затвореници ќе бидат опфатени со... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 03 декември 2017
amnesti1qq.jpgСо предложениот закон за амнестија ќе бидат опфатени 815 осудени лица кои издржуваат казна затвор, вели директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ.

„Со амнестијата ќе се релаксира состојбата во затворите. Имаме стратегија за подобрување на условите во затворите. Во тек е јавна набавка за нови 546 легла за затворот Идризово и 110 легла за затворот Тетово. До мај планираме да ги вселиме новите одделенија. Од Агенцијата за управување со одземен имот добивме 7 возила за превоз на затвореници“, вели директорот Стојановиќ.

Законот за амнестијата ќе се однесува на лица осудени со правосилна пресуда затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони. Со амнестија ќе бидат опфатени следниве осудени лица кои се наоѓаат на извршување казна затвор:

  • осудени лица со казна затвор со шест месеци потполно ќе бидат ослободени од извршување на казната
  • осудени лица на кои им е изречена казна затвор над 6 месеци, се ослободуваат од издржување на казната за 30 отсто
  • осудени лица на кои им е изречена единствена казна затвор, се ослободуваат од издржување на казната за 30 отсто
  • доколку во единствената казна затвор е утврдена казна затвор за кривично дело кое не подлежи на амнестија, осуденикот ќе се ослободи од издржување на казната за 30 отсто само во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестијата.

Амнестијата не се однесува на лица осудени во правосилна пресуда:

  • на казна доживотен затвор
  • за кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик
  • кривични дела против избори и гласање член 156-165-в од Кривичниот законик
  • за кривични дела против половата слобода и половиот морал од членовите 186,187, 188, 189, 191, 193, 193-а, 193-б и 194 од Кривичниот законик
  • за кривични дела против државата член 305-327 од Кривичниот законик
  • за кривични дела против јавниот ред член 394-а-394-г од Кривичниот законик
  • за кривични дела против човечноста и меѓународното право член 403-418-а и од 418-в до 422 од Кривичниот законик

Амнестијата ќе се однесува за лица кои делата на амнестијата ги сториле до 20 септември 2017 година.

Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија на седница минатата недела. Во предлог законот се вели дека донесувањето на законот за амнестија има за цел да се овозможи процесот на ресоцијализација и социјална реадаптација на осудените лица. Во собраниска процедура ќе влезе по редовна постапка.

Извор:СДК

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive