"СОВЕСТ": Јавање PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 01 декември 2017
dzamijata1qq.jpg-Ене ја среде Охридската чаршија. Над сто и пет години Алипашината џамија без минаре. Никој охриѓанец не ѝ го памти минарето. И затоа, меѓу другото, е објект од посебно културно значење. Џамија без минаре што јавнала црква и црква низ вековите пред тоа што јавнала базилика...

Несносливата леснотија на површноста како стил на живот, со “донаторско“ финансирање на свети објекти и “фондациско“ пишување на “независни“ сајтови само го дооцртува тлоцртот на македонската тиња во чиј безизлез колективно пропаѓаме. Има донации, значи  допуштени легални далавери во име на бога или, има фондации - има процедурално фондациска демократија во државата што нејќеме да ни функционира.

Така некако изгледа медиумската и граѓанска врева што ја создаде турската донација и нејзините резултати врз  Алипашината џамија во Охрид, а што секојдневно и беспогрешно  ја детектираат погледите на целата охридската чаршија. 

Се разбира, писанијата на врзаните за фондациските јасли за сенешто имаат одговор, но скарани се понекогаш со категоријалните принципи на објектите како артефакти од посебна важност.

Дали има искреност во нашево ангажирање, сами заклучете. Но таа сигурно не е помала од искреноста на донаторите и искреноста на фондациските писанија. И како што одат кај нас работите, ние со овој наш смешен и беспомошен чаршиски ангажман, се плашиме да не ги доинспирираме и охрабриме “донаторите“, “дежурните медиумско фондациските скротувачи“,  Заводите и останатите стручни здруженија и специјалистите од оваа проблематика за нивни вакви слични нови “јунаштва“.

За да не се мачат “донаторите“ и “пишувачите“, еве ние сами од “СОВЕСТ“, за почеток, ќе наведеме само три примери, наши свети објекти со кои секоја покултурна средина би се гордеела и стручно заштитени, бескрајно би ги експлоатирала. Читајте и не зашеметувајте се.

 Дали може џамија со крст? Може. За нас охриѓани ништо ново, но за оние што помалку го знаат Охрид, во градот имаме и Крстџамија. Џамија врз црквата “Св. Недела“. Освен темелите и ѕидовите, на врвот, во полумесецот е опфатен крстот. На ниеден охриѓанец тоа не му пречи. Едноставно, таква е фактичката состојба во реалноста. Ајде со пари од донација да го извадиме крстот од челуста на полумесецот. Се разбира, никако. Го рушиме идентитетот на градбата.

Во Македонски Брод, каде што нема ниеден муслимански верник, има скромен свет објект кој од една страна е дервишко теќе, а од другата страна е црква. И на ниеден поречанец не му текнува на него да “интервенира“. Но тоа ништо не значи за интервенција со некоја “донација“ од страна.

Во Штип на Исарот има еден објект, света градба, од една страна е црква, од друга џамија. Па, како што кажуваат штипјани, постојано има тензии за клучот и катанецот. И едните и другите верници, едните на другите клучот не  им го даваат и постојано катенецот го менуваат.

И така ќе остане... Кога се има само еден катанец, само една медиумска, идеолошка или света вистина. Само нашата. Тогаш има само еден влез во безизлезот, а нема излез. Затоа што на секој купен катанец иако во комплетот одат и два клуча, едниот никогаш не му го даваме на другиот, на друговерецот. Нашиот пекол не сме ние, велеше Сартр, нашиот пекол се другите. А ние? Ние не им го даваме клучот да излезат одтаму.

 Алипашината џамија без минаре во чаршијата во Охрид е од некој таков редок и посебен, трвматично верски недоисчистен тип на свети зданија, градби со видливи лузни од вековите на себе, на едно место домови на богови зграпчени и денес во смртна неделива прегратка, како во случајов, базиликата на древните лихниѓани, црквата “Св Никола“ на старите охриѓани и Алипашината џамија врз нив без минаре на сегашниве муслимани охриѓани, во немуслиманско опкружување.

Логиката на верниците и верските организации отсекогаш е една и иста: да се понижи и порази друговерецот по секоја цена. Потребен е само “донатор“. Ја исполнуваат ли донациите својата хумана функција преку корумпирачките проекти врз светите објекти “со идентитетски лузни“?

Божјите градби ја имаат судбината на луѓето и ваквите начнати божји домови се магично битни и отрезнувачки за секого. Погледот врз нив и влегувањето во нив е посета на жив мегдан од различни богови сеуште в костец со неизвесен исход и судбина и градителскиот инжењеринг врз нив за бришење на лузните по нарачка на верниците на еден од боговите, нужно ќе создаде поголеми лузни кај верниците на другиот бог.

Овие раритетни свети градби не спаѓаат, не треба да се поистоветуваат и не треба да се третираат со божјите домови кај нас постојано што се градат, и тој толку видлив и невкусен натпревар, особено последниве три - четири децении на трескавично ѕидање на верски објекти од двете најголеми конфесионални заедници не ни беше и не ние за машала. На секој чекор и од секој рид ги гледаме естетските дострели на божјите домови од различните богови. Веројатно идеалот на верските организации е на секој жител по еден божји храм.

Преголемата клерикализација на општеството, како што велеше Крлежа во жестоките меѓувоени полемики, кога -тогаш, ќе ни се удри од глава. Еве сведоци сме што се случува од таа преклеризација насекаде во светот и што се случи и со нас и кај нас. Затоа од оваа наша јужна клима од сеопшта врска преситеност е убаво да пркне движење за намалена општествена клерикализација. Охрид е идеален за тоа. Нашето здружение е како нарачано за тоа. Светот ќе не чуе. За да не ни се случи она што ни се случи. 

Кај нас власта толку многу ја злоупотреби и религијата со подигањето на невкусни и многу пати непотребни верски градби и одбележја, што за долго време, секогаш  и секој, и каде што треба и каде што не треба, тие факти ќе ти ги извади пред нос.

Логиката на конфликтот владееше, но не е баш најточно дека православното население секаде и со воодушевување ги примаше верските кич подароци.

Тие, верските објекти и денес народот и верниците тешко ги прифаќаат како домови на светото и тие, не се ни најмалку за споредба со старите објекти преполни од противречно неделива емотивност на вековната историја на верата во нашите краишта.

 И токму овој корумпирачки молкома план за багерска конзервација на Алипашината џамија во Охрид, по тајните и матни постапки од донирањето до тивко матното истуркување на градежниот процес до финалната булдожерска разрешница, заличува на градежните резултати од  донациите од Крушоради, Лангобарди и Попадинци.

Моменталните градежни работи врз Алипашината џамија во Охрид, во секој поглед, во сите одделни сегменти не се зафати на конзервација, (за нејзината конзервација нешто повеќе спомнавме во минатиот наш текст,“ Конзервација или конфронтација?“) и не му ги продавајте барем на охриѓани вашите ветви аргументи. Конзервација постои, но на сите нивоа од структурите на коалиционите власти.

Нашите телефони ги слушате, нашите размислувања ги слушнавте, фондациските пишувачи, стручната јавност и властите знаат за што зборуваме и вам ви ги оставаме белите фигури на одлуката.

Баравме и понудивме накаков излез, а знаеме дека двата клуча од катанецот  се кај власта. По она како се работи, клучевите одамна ги имаат изгубено и одамна сите заедно заклучени, задушени за воздух како деновиве, Аргентинските морнари во подморницата на океанско дно, тропаме по некое морско суштество однадвор да ни отвори. Мафтаме, како да се поздравуваме и се запознаваме со оние морски суштества по некое време што ќе се гостат со нас.

Од недораснатоста на севкупната средина, во која спаѓаме и ние, охриѓаните, со нашето нереагирање кон секојдневните предизвици за нивни решенија, дојдовме до состојба проблемите “да не изедат“ и нас и државата. Не, ние најмалку некому можеме да скроиме минаре. И не од триесет и два метри, ако сметате, нека биде и од шеесет и четири! И од нас, не плашете се. Спокоен ви коалициски сон. Па, само што за’рчевте...

 

 Здружение на граѓани СОВЕСТ Охрид

Насловот е на Ohridlive.com

 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Хуманитарен маскенбал за Сара
maskenbal1w.jpgВо спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид вечерва се одржа првиот дел од хуманитарната акција за помош на Сара Настеска „Од мене, од тебе, од нас… за Сара“.
Читај повеќе...
 
Таткото на Сара:Благодариме

cesno1q.jpgНастески: Благодарни сме на државните институции, но специјализираната клиника во Германија гарантира висока успешност со низок ризик, што за нас како родители е пресудно.

Читај повеќе...
 
Во "Хеван" секое испиено кафе е донација за Сара
kafe400p.jpgВо широката акција за пририбање средства за лекување на нашата сограѓанка Сара Настеска се вклучи и познатото охридско кафуле "Хеван".
Читај повеќе...
 
Едно лице загина четири повредени во сообраќајка кај...

policija11.jpgЕдно лице го загуби животот а четири имаат тешки телесни повреди, по сообраќајната незгода што утрово во 01 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на манастирот „Св.Еразмо“.

Читај повеќе...
 
Велештанец се заканил дека ќе активира бомба

bomba100f.jpgПоради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата Маршал Тито“ во Струга приведен е П.К.(45) од струшкото село Велешта.

Читај повеќе...
 
Хуманитарен хепенинг за Сара
zasara1w.jpgСо цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара.
Читај повеќе...
 
Собранието го прифати предлогот за уставни измени
ustavni1ww.jpgСобранието вечерва го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“. Непосредно пред гласањето, поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стана од клупите и застана покрај ѕидот, но неколкумина останаа на своите места. По гласањето, во салата се читаа поединечно пратениците како гласале на барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Читај повеќе...
 
Стружанец со кундак од пиштол го удрил синот

pistol4.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од струшкото село Подгорци.

Читај повеќе...
 
"Охридско лето" ја шири соработката во регионов

natasa1r.jpgВо рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.

Читај повеќе...
 
И "Билјанини Извори" се вклучи во акцијата за помош...
biljanini33e.jpgЈП" Билјанини Извори" во соработка со Црвен крст Охрид и Р.К. Охрид се приклучува во акцијата за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска, кај која неодамна е дијагностицирана болеста Anemia Aplastica.
По тој повод утре 20. 10 (сабота) Спортска сала "Билјанини Извори" пред почетокот на ракометното езерско дерби 19:30  помеѓу Р.К. Охрид и Р.К. Струга ќе се постават кутии за донирање на финансиски средства во знак на поддршка на нашата Сара Настеска.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive