Бекер не се чувствува како Германец,сака да... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 ноември 2017
beker56tt.jpgПоранешниот германски тенисер Борис Бекер вели дека веќе не се чувствува како Германец и дека сака да биде погребан, како што тој кажа, во неговиот дом Вимблдон. Трикратниот шампион на гренд слемот Вимблдон, кој годинава банкротираше, е роден и израснат во Лајман во Германија, но живее во Лондон повеќе години. Во моментов живее само 2.300 чекори оддалечен од тенискиот клуб, каде што за првпат освои трофеј како 17-годишник во 1985 година.

Во спротивен правец од куќата на Бекер се наоѓаат „Геп роуд“ гробиштата, место со пространи зелени ливади и две капели. Тој вели дека тоа е местото каде сака да биде погребан. Бекер утре полни 50 години. Со само сиви надгробни плочи, без помпезни споменици, германските медиуми гробиштата „Геп роуд“ ги опишуваат како „многу британски“.

Гроб таму може да се закупи на 50 или на 75 години и ќе го чини Бекер околу 8.860 фунти.
Објаснувајќи ја неговата одлука, Бекер вели: „Најверојатно нема да се вратам во Германија. Имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Мојот дом е Лондон“.

Лондонскиот суд за банкроти го прогласи Бекер за банкротиран, откако не успеа да плати долг стар една година. Сепак, тој инсистира дека нема финансиски проблеми и дека спорот е за каматата која што ја должи. Милионер од 18 години, Бекер собра 22 милиони фунти од тениски награди и плус многу пари од договорите за спонзорства.

Минатото лето, како што вели тој, бил принуден да преземе драстични мерки да ги плати долговите кон неговиот поранешен швајцарски бизнис партнер д-р Ханс Дитер Клевен, кој се закани дека ќе поднесе барање за 32 милиони фунти.

Германскиот дневен весник „Билд“ објави дека Бекер ставил под хипотека неколку имоти, кои што ги поседува, вклучувајќи го и имотот што го поседува неговата мајка, за да може да ги плати големите долгови.

Д-р Клевен вели: „Тој му рече: ‘можам да ти го дадам мојот имот во Мајорка во Шпанија да го користиш како што сакаш’. Јас му одговорив: ‘Борис мора да те потсетам, дека тој веќе ми припаѓа мене’“.

74-годишниот бизнисмен, наведен како 399. најбогат Швајцарец, рече дека неговите адвокати откриле дека Бекер веќе го ставил имотот на Мајорка под хипотека, неколку дена порано, кај пријател во Лондон кој му дал неколку милиони долари, заедно со куќата. Д-р Клевен, исто така, вели дека откриле дека Бекер има хипотеки на повеќе свои имоти, како што е куќата на неговата мајка во Лајман.

Тој вели: „Често ме прашуваат зошто не се заштитив, но тогаш Борис беше мој бизнис партнер и нештата беа добри. Мислев дека не можев истовремено да ставам хипотека на неговиот имот. Ако се обидев да го направам тоа, како на пример со куќата на неговата мајка, ќе наидев на голем бес. Сакав да избегнам публицитет“.

Заедно со Бекер, д-р Клевен ја формираше „Бекер-Клевен фондацијата“, откако тенискиот ас наводно му ветил на Клевен дека рекетите од неговата компанија за спортска опрема „Фелкле“ ќе ги направи меѓу најупотребуваните во светот.

Но, соработката меѓу двајцата брзо заврши, а локалните швајцарски медиуми велат дека Клевен не го одобрувал бурниот приватен живот на Бекер. Според д-р Клевен, големи суми од она што треба да му го исплати Бекер ќе го искористи за фондацијата која што се фокусира на децата и нивниот здрав развој.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive