Полиција ја прекина забавата на "Викторијас сикрет" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 22 ноември 2017
viktorijas1qq.jpgМодното шоу на „Викторијас сикрет“ во Шангај, кое ќе биде емитувано на 28 ноември, заврши како што и почна: со голем хаос.

Престижниот бренд за долна облека го направи клучниот потег во обид да го прошири својот бизнис глобално, па за првпат одржа ревија во Кина, но таа покажа дека сѐ уште не е подготвена за него.

Традиционалната забава по завршувањето на шоуто беше прекината од полицијата и на гостите им беше наредено да си заминат десетина минути пред полноќ.

viktorijas1q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Бараат од нас да завршиме. Жал ми е, сѐ пробавме“, се обрати една жена со микрофон.

Неколку полицајци влегле во арената „Мерцедес-Бенц“, при што ја изгаснале музиката, кратко време откако ди џејот Виктор Ејми го почнал својот настап.

Шоуто во Шангај од старт го следеа контроверзи, па на Џиџи Хадид ѝ беше одбиена виза, откако беше откриено дека на социјалните мрежи постирала слика со статуа на Буда.

Визата без објаснување им беше ускратена и на четирите руски и украински модели, како и на пејачката Кејти Пери, чиј настап мораше да биде откажан.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive