Почина освојувачката на Вимблдон Јана Новотна PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 20 ноември 2017
novotna1q.jpgЕдна од најдобрите чешки тенисерки на сите времиња Јана Новотна почина на 49-годишна возраст по долго и тешко боледување

„По долга битка со рак, Јана почина мирно, опкружена со своето семејство во родната Чешка“, соопшти Чешката тениска асоцијација.

Новотна беше во врвот на светскиот тенис во 90-ите години од минатиот век, кога освои 24 ВТА-титули. Круна на нејзината кариера беше освојувањето на Вимблдон во 1998 година, една година откако загуби од Мартина Хингис во финалето. Таа, исто така, играше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во 1993 година, кога загуби од Штефи Граф. Најдобриот пласман на ВТА-листата го достигна во јули 1997 година, кога изби на второто место. Две години подоцна се пензионираше и подоцна беше примена во Тениската сала на славните.

„Јана беше голема инспирација за сите кои ја познаваа. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе сјаи во историјата на тенисот“, изјави извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive