Претседателот на ОМД Колоски блокиран на Твитер од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 14 ноември 2017
koloski00.jpgИсториски, Грција како основоположник на демократијата можела да се пофали со епитетот на бранител на човековите права и слободи. За жал, ваквата историја денес не е ништо повеќе од само историја и нема никакви сличности со реалноста во современа Грција.
Утрово, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас, без никаков очигледен повод, го блокираше претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Методија А. Колоски, на социјалната мрежа Твитер. Колоски истакнува дека немало никаква провокација или каква било постапка од негова страна која би предизвикала ваква реакција. Ваквата постапка на Коцијас е само еден од многуте примери за тактиката со која Грција пристапува во својот однос кон Македонија. Наместо да покаже волја за отворен и конструктивен дијалог во обид да се најде решение за небулозниот спор околу името, грчката влада се обидува да ја замолчи другата страна бидејќи знае дека историјата, фактите и здравата логика се против неа.

Грција не го признава постоењето на посебен македонски етникум, јазик или народ во Грција. На грчки државјани кои се идентификуваат како Македонци, грчката влада им ги ускратува основните човекови слободи на говор, вероисповед, печат и здружување.

И покрај ваквата тактика на грчката влада, ОМД одбива да биде замолчена и ќе продолжи со помош на своите поддржувачи да ја застапува глобалната македонска заедница и нашата татковина со нејзиното уставно име Македонија, како и со нејзините човекови права и вредности кои важат за сите нејзини државјани.

ОМД се стреми кон соработка со пошироката меѓународна заедница со цел унапредување на универзални идеали како мирот, слободата, правото на самоопределување, еднаквоста и правдата.

Обединети, можеме!
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive