Каталонија прогласи независност,Рахој удри контра PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 27 октомври 2017
katalonija700l.jpgСамо еден час откако парламентот во Барселона изгласа независност на Каталонија, шпанскиот Сенат одговори со активирање на членот 155 од уставот, што на Мадрид му овозможува да ја разреши каталонската власт и да преземе контрола врз институциите во сепаратистичкиот регион.

На тој начин, шпанските министерства би управувале со полицијата, финансиите, јавните медиуми и со телекомуникациите во Каталонија. Исто така, Мадрид треба да распише парламентарни избори во регионот за период од шест месеци.

„Шпанија е сериозна држава, која нема да дозволи поединци да го газат уставот. Ги повикувам Каталонците и сите Шпанци да останат мирни. Владеењето на законот ќе се врати во Каталонија“, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој по објавата на регионалниот парламент.

И додека на улиците на Барселона и другите каталонски градови масовно се прославува, Европската Унија побрза да му ја даде својата целосна поддршка на Мадрид.

 

„За Европската Унија ништо не се менува. Шпанија и натаму е единствениот наш соговорник“, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На референдумот што се одржа на 1 октомври, 90% од гласачите се изјаснија за независна Каталонија, но излезноста беше само 43%.

Мадрид од старт го прогласи референдумот за неуставен и иако претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, ја одложи ефективноста на декларацијата за независност и повика на дијалог и преговори, Рахој остана на својот тврд став и му порача да се откаже од идејата за отцепување од Шпанија.

Ова е првпат да се активира членот 155 од донесувањето на сегашниот устав во 1978 година, кога Каталонија доби статус на автономна покраина со сопствените влада, полиција и медиуми.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive