Ревитализирана трафостаницата "Струга" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 13 октомври 2017

trafo1ww.jpgМЕПСО изврши ревитализација на високонапонска опрема во 110/x kV трансформаторска станица „Струга“ и со тоа го зголеми нивото на доверливост и сигурност во  снабдување со квалитетна електрична енергија во струшкиот регион за претстојната зимска сезона.

Стручните лица од МЕПСО во период од 18 септември до 12 октомври извршија промени на прекинувачи кои беа во експлоатација триесетина година. Монтирани се два нови прекинувачи со што е зголемена доверливоста во на електропреносниот систем и со тоа за претстојната грејна сезона е сведен на минимум ризикот од испади и дефекти. Воедно беа заменети со нови и шест  мерни напонски трансформатори во постројката, а  извршени се и градежни работи во полињата каде е поставена примарната опрема. Во процесот на ревитализација на опремата во оваа трафостаница МЕПСО вложи околу 100.000 евра.

Ревитализацијата на високонапонска опрема во трафостаницата „Струга“ е дел од тековните активности за модернизација на постројките од преносната мрежа. За овој процес МЕПСО лани во октомври набави високонапонска опрема во вредност од 1,87 милиони евра што е дел од заемот од Европската банка за обнова и развој. Во југозападниот дел на земјава, во рамки на своите приоритети, стручните тимови на  МЕПСО се ангажирани и на ревитализација во трансформаторска станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар и  во трансформаторската станица „Битола 1“, процес што е планирано да заврши до 10 ноември, годинава.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive