Безбедноста како "Најважна лекција" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 12 октомври 2017

lekt1q.jpgОпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре-13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.

Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.

Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започнува утре во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде, на средбата со учениците од трето одделение ќе присуствува и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кој ќе помогне во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците, ќе ги запознае со основните сообраќајни правила и прописи.

Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive