Што бара Охрид СОС од кандидатите за градоначалник PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 октомври 2017
ohrid3w.jpgОхрид ЅОЅ денес се обраќа до сите кандидати за градоначалник со „Платформа за зелен и современ Охрид“. Во оваа Платформа се содржат барања чиешто исполнување ќе значи напредок за Охрид, задржување на младите во него и, секако, зачувување на едно од главните нешта што Охрид го прават туристички центар - неговата прекрасна и единствена природа.

Очекуваме од кандидатите кои ветуваат подобар живот за охриѓани безусловно да се обврзат на исполнување на нашите барања бидејќи тие се барања на секој жител на Охрид кој сака да живее среќно и исполнето и да биде горд на својот град. Тие се барања кои ќе го унапредат животот и ќесоздадат основа за одржлив развој на регионот.

Управувањето со општината во изминатиот, веќе подолг период, оди во насока која ја доведе во прашање иднината на Охрид воопшто. За жал концептите за развој кои се поддржуваат не одговараат ниту на поднебјето, ниту на времето во кое живееме. Охридското Езеро е едно од 8 до 20 древни езера во светот, а планината Галичица е една од најбиодиверзитетните планини во Европа, но кусогледиот начин на менаџирање се заканува да ги жртвува овие суштински важни природни ресурси. Проектите кои се предлагаа до сега се темелат на принципите на развој на масовен туризам кој е надминат, неодржлив, со краткотрајна и ограничена добивка, и е сосема несоодветен за регионот. Охрид, во контекст на таквиот туризам станува неконкурентен, а неговата вистинска вредност и посебност се потценети. Масовниот турзиам води до несогледливи и ненадоместливо штетни последици врз основните ресурси на кои потенцијалот за развој на Охрид се темели.Згора на тоа од следењето на досегашната „развојна“ практика, она што бележи најбрз подем во регионот е емиграцијата.

Поради тоа, врз основа на нашата веќе неколкугодишна работа и постојана комуникација со јавноста ги идентификувавме суштинските проблеми за развој на регионот од што произлезе и„Платформата за зелен и современ Охрид“. Општината ќе може да се надева на подем само со почитување на принципот на одржливост. Одржлив развој подразбира развој кој ги задоволува сегашните потреби притоа не загрозувајќи ја можноста за задоволување на потребите во иднина. Она што како жители на Охрид го сведочиме е токму спротивното. Во досегашната практика димензијата на одржлив развој е сосема занемарена, отсуствува стратешко планирање и соодветна грижа за природното и културното наследство. Охрид нема Стратегија за развој на турзимот, ниту Стратегија за управување со УНЕСКО регионот. Заштитата на Охридското Езеро се раководи според Законот за трите езера од 1977 г. иЕзерото веќе бележи знаци на еутрофикација.Студенчишко Блато десетици илјади години ја прочистува езерската вода, а сепак му се закануваше целосно бетонизирање. Галичица е еден од само 20 Прекугранични биосферни резервати на УНЕСКО во целиот свет, а со предлог-измените за управување со Националниот парк, над 604 хектари треба да го изгубат степенот на заштита, стотици хектари шума ќе бидат на удар, од кои 84 хектари само одендемичниотмакедонски даб.

Сè уште промовираме велосипедизам само на Денот на Планетата Земја, пластичните кеси ги земаме како скапоцен подарок, се занимаваме со расфрлано ѓубре насекаде, истекувања на колекторот, нецелосна комунална инфраструктура, сечење децениски дрвја за паркинзи илибез издржано обрзаложение, пластичните лежалки ни станаа заштитен знак, а платформите крајбрежје.Го правиме ова, наместо да работиме на воспоставување на систем за рециклажа, да ги едуцираме децата да знаат зошто пастрмката треба да се заштити, зошто на Галичица живеат над 5.000 видови, зошто Охридското Езеро се нарекува „театар на еволуцијата“, што се тоа екосистемски услуги и како секое наше делување влијае врз средината и може да пресуди дали нивните внуци ќе имаат чиста вода за пиење.

Жителите на регионот очекуваат развој и тоа на долг рок. Компаративните предности на регионот треба да се искористат во стратешки осмислено развивање на видови туризам кои ќе имаат што помал удел во антропогениот притисок врз езерото и поширокиот регион, a кои се препознаени дека имаат најголем потенцијал за локален економски развој и стабилизација на раселувањето. Тоа значи поттикување на неинвазивни форми на туризам како активен, рурален, научен, еко-туризам. Потребна е вистинска валоризација на брендот УНЕСКО, отворање на нови пазарни сегменти и следење на промените во побарувачката на глобално ниво, креирање на туристички производ со поголема додадена вредност сотаргетирање на општествено одговорни посетители, каде што супериорноста на Охрид ќе блесне, наместо да згасне.

Затоа и очекуваме, новоназначениот „татко“ на градот да го раководи Охрид на 21 век во кој економската добивка ќе се темели врз заштита, а не деградација на ресурсите, каде што апликацијата на современите технологии и екологијата ќе го направат светски пример за успешност. Воедно, сесрдно го охрабруваме за отворено и чесно раководење со општината единствено според принципот на одржлив развој.

Охрид ЅОЅ останува секогаш достапен и отворен за соработка. 

 

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Лабуништанец омаловажувал охридски полицајци

policija4000k.jpgНа ден 23.06.2018 година во 06.30 часот во Охрид на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, случен е вербален напад со омаловажување и навредување на полициски службеници извршено од страна на Е.Ј.(23) од струшкото село Лабуништа.

Читај повеќе...
 
Тепачка пред влез во бар во Охрид
ohrid3w.jpgНа 24.06.2018 година околу 01 часот и 40 минути, на влез во бар во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир. Настанот е случен откако двајца вработени во обезбедување на објектот не им дозволиле влез на лицата М.Л.(24) и Д.Х.(24), двајцата од Скопје, со образложение дека барот е затворен.
Читај повеќе...
 
Промоција на роман на волонтер на Црвен крст

gorgi1ee.jpgВо недела (24.06.2018) со почеток во 18.00 ч.во просториите на Црвен Крст Охрид ќе се одржи промоција на првиот роман на  волонтерот на Црвен крст Георги Ставрески со наслов  „Виори низ сонот и фантазијата“.

Читај повеќе...
 
Охридски доцент на симпозиум за електронска уметност

bakreski1qq.jpgД-р. Јане Бакрески, доцент по Визуелни уметности на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид, кој веќе една година е визитинг професор на Универзитот КваЗулу-Натал, Јужноафриканска република, во перидот од 22 до 30 јуни, со свои уметнички инсталации и предавање учествува на Интернационалниот симпозиум за електронска уметност (ISEA), во Дурбан, Јужноафриканска Република.

Читај повеќе...
 
Вредна донација за лицата со посебни потреби
balkaninfo1qq.jpgВо присуство на министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот Јован Стојаноски денес, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА – Охрид, на Општина Охрид и врачи донација за лица со посебни потреби.
Читај повеќе...
 
Може ли центарот на Охрид да биде само пешачка зона
Во просториите на општина Охрид, вчераpesacka1qq.jpg, се одржа јавна расправа за организирањето на сообраќајот во централното градско подрачје во летниот период. За таа цел локалната самоуправа ангажира компанија која изработи неколку идејни проекти за движењето на сообраќајот во централното градско подрачје.
Читај повеќе...
 
Обновено:Дете почина по паѓање од зграда во Струга

На ден 21.06.2018 година, во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

struga66.jpg
Читај повеќе...
 
Старец блудник извршил полов напад врз девојче
siluvac1qq.jpgСекторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (71) од Охрид поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Читај повеќе...
 
Делегација од кинескиот град Далиан во Охрид
dalian1we.jpgГрадоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со шестчлената делегација на кинескиот град Далиан предводена од заменик – градоначалничката Вен Зукионг. Во делегацијата се директорот на културното биро во Далиан, директорот на образовното биро и претседателот на стручно – техничкиот колеџ, заменик директорот а канцеларијата за надворешни работи.
Читај повеќе...
 
Во Охрид се одржува натпревар на млади музичари

svetasofija1q.jpgИнтернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери“ по 17-ти пат се одржува од 15  до 21  Јуни  201катедралната црква "Св. Софија" во Охрид.

Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive