Полицијата спаси жена што сакала да се самоубие PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 октомври 2017

Полициски тим од четири полициски службеници, претпладнево успешно интервенираше во спречување на лице од Охрид кое сакало да скокне од петтиот спрат на зграда во Охрид.

svroohrid2q.jpg

 

-Акцијата траеше околу еден час, во зграда во изградба на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Абас Емин“ во Охрид, каде во 10 часот и 55 минути , од жител на Охрид е забележано женско  лице и пријавен е обид за самоубиство. По добивањето на информацијата, извршено е обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени се мерки за спречување на лицето во обидот за самоубиство. Акцијата започна најнапред со иницирање разговори на двајца полициски службеници со лицето кое беше на петтиот спрат и истовремено, внимателно пристапување на други двајца полициски службеници до местото односно до ивицата на петтиот кат каде немаше заштитни огради.  Тие, проценувајќи погоден момент, мошне брзо го совладаа растојанието до жената и енергично ја повлекоа и ја оттргнаа од местоположбата  односно од ивицата на неоградената тераса на петтиот кат. Се работи за жена на возраст од 41 година која потоа е безбедно спуштена на приземјето од зградата и е предадена на екипа на Итната медицинска помош од Охрид,изјави м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР-Охрид

За настанот, пред почетокот на акцијата, известен е Јавниот обвинител кој беше запознат со намерите на полициските службеници како и со исходот од преземените мерки.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive