Кинезите бараат уште пари за автопатот Кичево-Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 08 октомври 2017
pat500k.jpgКинеската компанија „Синохидро“ бара од Владата уште 143 милиони евра за дополнителни непредвидени работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но Владата и премиерот Зоран Заев не сакаат да ги платат средствата што ги бара кинескиот изведувач, велат владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според извори од Владата, сѐ уште нема направено конечна пресметка на штетата од грешките во проектирањето на трасата на автопатот. Надзорот констатирал сериозни неусогласености меѓу проектната документација и реалната состојба на терен.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врз основа на индиции од нелегално прислушуваните разговори отвори случај против поранешни високи функционери кои се осомничени за земање провизија и местење на работата на Кинезите за да ги градат автопатиштата во Македонија.

Никола Груевски е првоосомничен во случајот на СЈО „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Според СЈО, Груевски заедно со екс министерот Миле Јанакиески, вицепремиерот Владимир Пешевски, како и уште еден функционер незаконски ја избрале кинеската компанија да ги гради делниците, со што се осомничени дека го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра.

  • На целиот потег не е предвидена ниту една клучка за поврзување на околните села со автопатот.
  • Косините околу автопатот се небезбедни. На некои делници се спуштаат многу стрмно како да се возиш низ кањон.
  • Тунелот кај Пресека почнал да се пробива без соодветно испитување на земјиштето и анализа на теренот, па се наишло на подземни води

Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, потпиша договор за автопатот Кичево-Охрид со кинеската фирма „Синохидро“ во вредност од 373 милиони евра. Со непредвидените работи и исправање на грешките, според досегашното вештачење на сработеното и што треба уште да се направи, се проценува дека цената на автопатот ќе стигне околу 500 милиони евра за 57 километри. Автопатот кон Охрид би требало да биде готов до февруари 2018 година, но според ситуацијата на теренот, тој рок нема шанси да се стигне.

Досега јавно беше кажано дека поради грешка во проектирање на трасите, неправилните косини на автопатот, проблем со тунелите, експропријација на земјиштето, дислокација на инфраструктура и на стопански и индивидуални објекти од трасата, дополнително ќе треба да се платат минимум 120 милиони евра. Најголем проблем во проектот, надзорот утврдил во проектирањето на косините на автопатот, кои биле нестабилни и тоа на 4 делници од автопатот.

Но, за да се исправат грешките во косините, треба да се направи дополнителна експропријација на земјиштето, за која што не се предвидени средства во буџетот на проектот. Покрај експропријацијата, не се предвидени средства и за дислоцирање надземни и подземни инфраструктурни објекти како далекуводи, телефонски кабли и водоводни инсталации, како и за преместување на индивидуални станбени и стопански објекти кои што влегуваат во трасата на автопатот, а не биле ставени во проектот.

Друг голем проблем на автопатот е изградбата на тунелите кај превојот Пресека. Изградбата стана проблематична поради непредвиденото појавување на огромни количини подземни води, кои што ја загрозиле безбедноста во тунелите, односно можеле да се срушат. Исправањето на грешките посебно кај превојот Пресека, енормно ќе ја зголеми цената на изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Собранието на 16. собраниска седница во септември, кога се гласаа измените на Законот за продолжување на рокот за градба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, рече дека изградбата на тунелите на автопатот за Охрид од 29, ќе скокне на 89 милиони евра, поради грешки во трасите. Тој кажа дека згрешени траси има, но, не по вина на Кинезите како што било објавено, туку други биле проектанти. Кои фирми работеа на изработка на проектите не е јавно објавено.

Градежните работи на автопатот Кичево-Охрид започнаа на крајот на мај 2014 година. Извори од министерството за транспорт и врски велат дека нема шанси до 1 јануари 2018 година да завршат работите на автопатот Кичево- Охрид, бидејќи процентот на реализација на проектот досега е само 48 отсто.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive