Кинезите бараат уште пари за автопатот Кичево-Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 08 октомври 2017
pat500k.jpgКинеската компанија „Синохидро“ бара од Владата уште 143 милиони евра за дополнителни непредвидени работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но Владата и премиерот Зоран Заев не сакаат да ги платат средствата што ги бара кинескиот изведувач, велат владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според извори од Владата, сѐ уште нема направено конечна пресметка на штетата од грешките во проектирањето на трасата на автопатот. Надзорот констатирал сериозни неусогласености меѓу проектната документација и реалната состојба на терен.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врз основа на индиции од нелегално прислушуваните разговори отвори случај против поранешни високи функционери кои се осомничени за земање провизија и местење на работата на Кинезите за да ги градат автопатиштата во Македонија.

Никола Груевски е првоосомничен во случајот на СЈО „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Според СЈО, Груевски заедно со екс министерот Миле Јанакиески, вицепремиерот Владимир Пешевски, како и уште еден функционер незаконски ја избрале кинеската компанија да ги гради делниците, со што се осомничени дека го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра.

  • На целиот потег не е предвидена ниту една клучка за поврзување на околните села со автопатот.
  • Косините околу автопатот се небезбедни. На некои делници се спуштаат многу стрмно како да се возиш низ кањон.
  • Тунелот кај Пресека почнал да се пробива без соодветно испитување на земјиштето и анализа на теренот, па се наишло на подземни води

Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, потпиша договор за автопатот Кичево-Охрид со кинеската фирма „Синохидро“ во вредност од 373 милиони евра. Со непредвидените работи и исправање на грешките, според досегашното вештачење на сработеното и што треба уште да се направи, се проценува дека цената на автопатот ќе стигне околу 500 милиони евра за 57 километри. Автопатот кон Охрид би требало да биде готов до февруари 2018 година, но според ситуацијата на теренот, тој рок нема шанси да се стигне.

Досега јавно беше кажано дека поради грешка во проектирање на трасите, неправилните косини на автопатот, проблем со тунелите, експропријација на земјиштето, дислокација на инфраструктура и на стопански и индивидуални објекти од трасата, дополнително ќе треба да се платат минимум 120 милиони евра. Најголем проблем во проектот, надзорот утврдил во проектирањето на косините на автопатот, кои биле нестабилни и тоа на 4 делници од автопатот.

Но, за да се исправат грешките во косините, треба да се направи дополнителна експропријација на земјиштето, за која што не се предвидени средства во буџетот на проектот. Покрај експропријацијата, не се предвидени средства и за дислоцирање надземни и подземни инфраструктурни објекти како далекуводи, телефонски кабли и водоводни инсталации, како и за преместување на индивидуални станбени и стопански објекти кои што влегуваат во трасата на автопатот, а не биле ставени во проектот.

Друг голем проблем на автопатот е изградбата на тунелите кај превојот Пресека. Изградбата стана проблематична поради непредвиденото појавување на огромни количини подземни води, кои што ја загрозиле безбедноста во тунелите, односно можеле да се срушат. Исправањето на грешките посебно кај превојот Пресека, енормно ќе ја зголеми цената на изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Собранието на 16. собраниска седница во септември, кога се гласаа измените на Законот за продолжување на рокот за градба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, рече дека изградбата на тунелите на автопатот за Охрид од 29, ќе скокне на 89 милиони евра, поради грешки во трасите. Тој кажа дека згрешени траси има, но, не по вина на Кинезите како што било објавено, туку други биле проектанти. Кои фирми работеа на изработка на проектите не е јавно објавено.

Градежните работи на автопатот Кичево-Охрид започнаа на крајот на мај 2014 година. Извори од министерството за транспорт и врски велат дека нема шанси до 1 јануари 2018 година да завршат работите на автопатот Кичево- Охрид, бидејќи процентот на реализација на проектот досега е само 48 отсто.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОГЛАСИ

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Кај Билјанини со мотори летаа во воздух

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

BenQ E1260 HDR Vo Foto Rex/4500den

novaparat.jpg

За сите аматери што сакаат убава фотографија без премногу напор и подесувања на својот апарат за сликање. BenQ го нудат новиот E1260 HDR со широк агол и 12 мегапикселен сензор. Со своето автоматско подесување вие ќе можете да направите убави фотографии без разлика на светлосната состојбата.Овој модел нуди HDR можности кои овозможува да ги избегне проблемите со многу контрастни и светли околини, преку намалувањето на прекумерната и минималната експозитура со автоматско подесување на контрастот.

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 



Видео

Последни Вести

Кривична за поранешниот директор на Општа болница
bolnica1qq.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Охрид.
Читај повеќе...
 
СДСМ:Кој заборави на казнената експедиција во Косел
sdsm77y.jpgЛуѓето кои со години, под притисоци и закани за отказ, носеа партиски војници по митинзи, протести и контрапротести, не можат да зборуваат за партизација на секоја клетка во нашето општество. Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека граѓаните ги преспале изминатите десет години, години во кои ја цицаа крвта и достоинството на секој човек, просветар, правник, архитект, уметник. Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека сите овие луѓе и многу други, не гледаа во немоќ додека партиски војници ги добиваа работните позиции за кои тие се учеле и образовале. Граѓаните добро знаат и никогаш нема да заборават како адвокати стануваа министри за здравство, а потоа и образование, за тоа какви луѓе ја водеа културата, внатрешните работи.
Читај повеќе...
 
Нова турска компанија ќе лета од Истанбул до Охрид
turska1ww.jpg Турската нискобуџетска компанија „ОНУР-ЕАР“ , еднаш неделно,  ќе има директна авиолинија од Истанбул до Охрид.
Читај повеќе...
 
Спортските натпревари да не се злоупотребуваат

stefan8000.jpgПолициската станица од Струга, деновиве иницираше работен сопстанок со комесарите за безбедност од втората Македонска фудбалска лига-Запад од фудбалските клубови во општина Струга.

Читај повеќе...
 
Важно соопштение на Антонио Додевски од...
antoniod1q.jpgВо периодот од 15 - 18.02.2018 година, на Попова шапка, ќе биде спроведен експертски мониторинг на зимската обука која ја спроведува МАИВП, од страна на техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML (International Mountain Leader),соопшти Антонио Додевски Генерален Секретар на Македонската Асоцијација на Интренационални Водичи во Планина.По овој повод  ќе се одржи прес  конференција во Винаријата на "Вила Мал Св. Климент" во Охрид, на 19.02.2018 година (Понеделник), со почеток во 11.30 часот

Читај повеќе...
 
Присвоил црковни пари и ги ставил в џеб

crkva01.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид.

Читај повеќе...
 
Снег го прекри Охрид (Видео)
snezno1ww.jpgСилните врнежи од снег продолжија и вечерва во Охрид.Снежната покривка достигна околу десеттина сантиметри.Снегот е влажен и брзо се топи,но поради  обилните врнежи се задржува и на коловозот.Сообраќајот низ градот се одвива нормално,но отежнато поради опасност од лизгање,
Читај повеќе...
 
Фонтаната со мозаици не работи оти можела да смрзне

sekna2we.jpgВодата во фонатана кај Мини маркетот во Охрид деновиве секна.Ова е единствена фонтана во градот која е украсена со мозаици,дело на уметникот Никола Упевче.Мозаикот е наречен Четири рајски реки.

 

Читај повеќе...
 
Снежните наноси го затворија патот Охрид-Битола
zima1w.jpgПоради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Читај повеќе...
 
Охриѓанка загина во пожар на "Туристичка"

pozar8000.jpgУтринава  околу 07.15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар. Во пожарот починала М.Д која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive