Шпанската влада вели дека немало референдум (видео) PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 01 октомври 2017
repre1q.jpgРеферендумот за независна Каталонија се претвори во крвава недела, откако 761 лице беше повредено во судирите на полицијата и гласачите, кои излегоа на избирачки места во голем број, иако шпанската влада го забрани тоа.

Шпанската полиција и цивилната гарда интервенираа откако автономната каталонска полиција не го спречи гласањето во утринските часови, при што употребија гумени куршуми и палки.

Каталонското министерство за здравство објави дека само во Барселона има 335 повредени, додека портпаролот на локалната влада, Жорди Турул, изјави дека полицијата со употреба на сила затворила 319 избирачки места.

„Тоа е скандал и дивјаштво, вистински меѓународен срам“, изјави Турул.

Гласањето и официјално заврши во 20 часот, при што гласачките кутии биле однесени на тајни локации.

Веднаш потоа, премиерот Маријано Рахој одржа прес-конференција.

„Денеска не се одржа никаков референдум во Каталонија. Мнозинството Каталонци не сакаа да учествуваат во него и со тоа го почитуваа законот. Шпанците го почитуваат тоа. Референдумот кој доведе до несакани ситуации не успеа, но предизвика сериозна штета на соживотот. Отворен сум за разговор, но во рамките на правните граници“, кажа Рахој, додавајќи дека сите акции на шпанската влада, а со тоа и на полицијата, биле во рамките на законот.

Неколкумина левичарски политичари, како и градоначалничката на Барселона, Ада Колау, го повикаа Рахој да поднесе оставка.

„Тој ги премина сите граници. Тој е кукавица, која не се придржува кон своите обврски кон државата и затоа мора да си замине“, изјави Колау, а повици за оставка на премиерот можеа да се слушнат и на централниот плоштад во Мадрид.

Последни измени ( недела, 01 октомври 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive