Мекејн:Понекогаш ме фаќа страв од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 25 септември 2017
mekkejn1q.jpgАмериканскиот сенатор и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн, изјави дека лекарите му дадоа многу лоши прогнози, како што тој се бори со тумор на мозокот.

Осумдесет и едногодишниот Мекејн летоска дозна дека боледува од рак, па иако во јули беше опериран, во меѓувреме беше утврдено дека станува збор за глиобластома, тип на тумор од кој во 2009 година почина неговиот колега од Сенатот, Едвард Кенеди.

„Лекарите се интересни. Еден ќе каже дека шансите се три отсто, друг 14… Им реков да бидат директни, па ми кажаа дека прогнозите се многу лоши. На моменти ме фаќа страв од она што се случува, но можам да кажам дека сум имал одличен живот. Овие денови многу мислам на Кенеди, затоа што тој продолжи да работи и покрај дијагнозата“, изјави Мекејн во интервјуто за емисијата „60 минути“.

Мекејн беше кандидат на републиканците на изборите во 2008 година, кога загуби од Барак Обама.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive