Леброн го нарече Трамп "уличар" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 23 септември 2017
lebron1q.jpgКошаркарската ѕвезда Леброн Џејс кажа дека одењето во Белата куќа било голема чест сѐ додека не се појавил Доналд Трамп и го нарече американскиот претседател „уличар“ поради тоа што го кажа на Твитер за неговиот колега Стеф Кари. Трамп рече дека ја повлекува поканата за Голден Стејт вориорс откако најдобриот играч Стеф Кари кажа дека не сака да присуствува на приемот во Белата куќа.

„Уличар еден. Стеф Кари веќе кажа дека не доаѓа! Затоа и не можеш да го поканиш. Одењето во Белата куќа беше голема чест сѐ додека не се појави ти“, напиша кошаркарот на Кливленд на Твитер.

Белата куќа традиционално организира прием за шампионот во НБА лигата, а годинава тоа е Голден Стеј вориорс. Бекот на Вориорс, Стеф Кари кажа дека неговиот тим може да инспирира промена со тоа што ќе ја одбие поканата за приемот кај претседателот.

„Не сакам да одам. Не мислам дека нашето неодење во Белата куќа магично ќе направи работите да се подобрат, но ова е мојата можност да изразам незадоволство“, кажа претходно Кари, двократен МВП на НБА лигата.
Трамп одговори со твит дека поканата за Голден Стејт е повлечена.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive