Пратениците заминаа на одмор PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 23 септември 2017
sobranie100p.jpgСобранието нема да заседава додека трае предизборната кампања за локалните избори, која што почнува во понеделник, и претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево ги испрати на одмор пратениците. На денешната седница, веќе шести ден се расправаше за Законот за употреба на јазиците, кој што останува во фаза на прво читање. Џафери рече дека донел ваква одлука за да не има чувство дека по секоја цена сака да се постигне некоја цел.

„По шестдневна успешна и плодна дебата, каде меѓусебна, каде меѓупартиска, решив да одиме на одмор. Најавив дека Собранието ќе работи до почетокот на кампањата за локалните избори. Со сите обиди на пратениците да го рефлектираат она за што и самите тврдат дека има потреба, од име на граѓаните да носат закони во интерес на граѓаните, тоа не се спроведе до крај. Се решив на ваков чекор за да не имам некое чувство дека по секоја цена некој сака да постигне некоја цел. Битно е дека како резултат на дебатата произлезе дека од интерес на граѓаните е и потребата за носење на соодветниот закон кој што е во редовна постапка и за кој што се надевам ќе продолжиме со дебатата по изборите“, рече Џафери.

Исто така, тој им честиташе однапред на кандидатите за градоначалници и за членови на општинските совети кои што ќе добијат мандат од граѓаните на изборите на 15 октомври.
„Посакувам мирна и успешна предизборна кампања и однапред на сите што ќе добијат мандат им честитам и се надевам на успешна и плодна работа по кампањата, по изборите“, додаде собранискиот спикер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive