ABBA се враќа во дигитална верзија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 септември 2017
aba1q.jpgЛегендарната шведска поп-група АББА ја најави првата светска турнеја по повеќе од три децении, но членовите не планираат лично да бидат на сцената, туку ќе бидат заменети од нивните дигитални верзии.

И покрај тоа што сите четворица се живи и лани се имаат обединето за еден настап, ова ќе биде своевидна виртуелна турнеја, имајќи предвид дека на сцената ќе бидат холограми.

„Тоа е совршено. Ние ќе бидеме на сцената, додека јас, всушност, ќе седам дома и ќе си го шетам кучето. Ако ова успее, многу музичари ќе сакаат да го направат истото, дури и оние кои се се уште млади и одат по турнеи. Тоа е многу интересен проект“, изјави еден од членовите на АББА, Бени Андерсон, за весникот „Хералд сан“.

Користењето холограми досега беше резервирано исклучиво за починати музичари, како Мајкл Џексон и Тупак Шакур, кој прв се појави во вакво издание на фестивалот „Коачела“ во 2012 година.

Иако турнејата треба да се одржи во 2019 година, 37 години од нивните последни заеднички концерти, атмосферата на сцената ќе биде како од 70-ите.

„Вокалите ќе бидат преземени од снимките од нашата австралиска турнеја во 1977 година, додека инструментите и пратечките вокали ќе одат во живо. Се ќе изгледа како концерт во живо“, додаде Андерсон.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive