Почина легендарниот боксер Џејк Ламота PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 21 септември 2017
lamota1q.jpgЏејк Ламота, легендарниот боксер кој послужи како испирација за филмот „Разјарениот бик“, почина на 95-годишна возраст од компликации од пневмонија и меѓу јавните личности кои му оддадоа почит беа и Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро.

„Ламота ќе се памети како голем шампион. Тој беше, како што се вели, поголем од животот. Имаше тежок живот, со многу пречки, но знаеше како да ги надмине. Мило ми е што имав можност да го познавам“, изјави Скорсезе, кој го режираше прославениот филм.

Откако ги прочитал мемоарите на Ламота во 70-ите години, Де Ниро станал опседнат од идејата да ги претвори во филм и за режисер го ангажираше својот долгогодишен соработник Скорсезе.

За да се подготви за улогата, тој тренираше со самиот Ламота и се здебели 27 килограми.

„Тренирав интензивно, но бевме внимателни. Не ни беше цел да убиеме некого. Потоа дојде Џејк и знаеше да ми каже ‘не грижи се, удри ме‘. Имаше 55 години, но беше многу цврст“, изјави Де Ниро во интервјуто за „Тајм“ во 2013 година.

За улогата на Ламота, Де Ниро го освои својот втор Оскар во 1981 година.

„Почивај во мир, шампионе“, напиша Де Ниро на Твитер.

Ламота имаше 83 победи и 19 порази во кариерата, што му донесе место во Боксерската хала на славните.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive