Интересна предизборна анкета на ИРИ PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 18 септември 2017
iri1qq.jpgНајомилен политички лидер во земјава е Зоран Заев, покажува последната анкета на ИРИ (47). Многу е омилен за 25 одсто од граѓаните, делумно омилен за 26 одсто, делумно неомилен за 15 одсто а неомилен за 25 одсто од граѓаните. На второто место е Никола Груевски. Многу е омилен за 15 одсто, делумно омилен за 17 одсто од граѓаните а неомилен кај 50 одсто. Од него поомилен политички лидер е претседателот Ѓорге Иванов со 21 одсто. Висок рејтинг од 10 одсто ужива Талат Џафери, пред Али Ахмети и Зиадин Села со по 8% и Билал Касами од 6 одсто, но прва на листата на лидерите е Специјалната обвинителка Катица Јанева со 28 одсто.

Политичките партии имаат сличен рејтинг како нивните лидери. (48) СДСМ е многу омилена партија за 22 одсто, делумно омилена за 25 одсто, а ВМРО ДПМНЕ многу омилена за 14 а делумно за 19 одсто. Кај партиите на албанците, најомилена е Алијансата со вкупно 20 одсто, по неа се ДУИ со 15 одсто и БЕСА со 13.

Пред Локалните избори, дури 69 одсто од граѓаните сметаат дека треба да се промени локалната власт. На прашањето како би гласале ако Локалните избори се одржат денеска, (38) , за кандидатите за градоначалник од СДСМ ќе гласаат 19 одсто од гласачите во земјава, за ВМРО ДПМНЕ 18 одсто, за ДУИ 7%, за Алијансата за албанците 5, за БЕСА 4%, за независен кандидат 7% додека 20 проценти не дале одговор. Слични се резултатите за предложените советнички листи.

iri1q.jpg

Анкетата се осврнува поконкретно на политичкото расположение во Скопје, Ѓорче Петров, Штип, Тетово, Куманово и Охрид. Од работата на градоначалникот Коце Трајановски, кој се обидува да добие трет мандат во главниот град, задоволни се само 34 одсто од граѓаните. (76) Од вкупно 52 одсто кои не се задоволни од неговата работа, 8 одсто посакуваат друг градоначалник од истата партија, 28 одсто се за кандидат од друга партија а 16 одсто се за независен кандидат. Во општина „Ѓорче Петров“, за кандидатот за градоначалник од СДСМ би гласале 30 одсто (90) а за ВМРО ДПМНЕ 26 одсто. Во Штип, (102) за ВМРО ДПМНЕ 23%, а за СДСМ 19%. Во Тетово (114), за ДУИ 19 одсто, за СДСМ 15 за Алијансата 9, за БЕСА 8, а за ВМРО ДПМНЕ 5 одсто.

Анкетата на Меѓународниот републикански институт (1) е правена теренски во периодот од 4 до 21 август годинава на репрезентативен примерок од илјада 105 возрасни испитаници. Предвидена е грешка од плус/минус 3 одсто.

Телма

Последни измени ( понеделник, 18 септември 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive