Париз и Лос Анџелес си ги поделија олимпијадите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 септември 2017
pariz1q.jpgПариз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024, а Лос Анџелес во 2028 година, објави Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) на седницата на Извршниот комитет во Лима.

Двата града конкурираа за Игрите во 2024, четири години по оние во Токио, пред да биде постигнат компромис, откако Лос Анџелес се согласи да почека уште четири години. Претходно, Хамбург, Рим и Будимпешта ги повлекоа своите кандидатури, со што трката невообичаено се сведе на само два града, па ИОЦ немаше многу дилеми.

ИОЦ во јуни одлучи организаторите на двете олимпијади да бидат избрани во исто време.

И Париз и Лос Анџелес веќе по двапати беа домаќини на ЛОИ: калифорнискиот град ги организираше во 1932 и 1984 година, а француската престолнина во 1900 и 1924 година, што значи дека чекаше цел век на трета можност, откако беше одбиен во 2008 и 2012 година.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive