Во Касел Партенон е направен од книги PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 септември 2017
parte1qq.jpgОгромна копија на атински Партенон се истакнува на изложбата во германскиот град Кесел, раскажувајќи приказна за слобода на говорот и за забранување книги, за што беше избрана и соодветна локација.

Аргентинката Марта Минухин е уметницата која стои зад инсталацијата „Партенон од книги“. Таа доби голема поддршка од јавноста, која и помогна да собере над 100.000 копии од книги, што во еден момент беа забранети во различни делови од светот.

Меѓу нив се наоѓаат и класици како „Авантурите на Том Сојер“ од Марк Твен, „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол и „1984“ од Џорџ Орвел, но и модерни наслови како „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун.

А, доколку пораката што ја испраќа не е доволно силна, и самата локација на изложбата е приказна сама за себе.

Токму на ова место, на 19 мај 1933 година, нацистите спалија над 2.000 книги од еврејски и марксистички автори, во чинот што беше наречен „Кампања против негерманскиот дух“. Осум години подоцна, библиотеката „Фридериканиум“ беше погодена во сојузничко бомбардирање, при што имаат изгорено над 350.000 книги.

По завршувањето на изложбата, сите книги бесплатно ќе бидат поделени.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive