Трајковски бара референдум за депонијата во Дебарца PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 11 септември 2017
igor555mm.jpgГрадоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски  покрена иницијатива за распишување референдум за предложената депонија кај селото Годивје.

Во контекст на новонастанатата ситуација во Општина Дебрца и најавата за изградба на регионална депонија како и големиот револт на жителите, Советот на Општина Дебрца донесе Одлука бр. 08-1327/2 од 04.08.2017 год., за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион. Донесената одлука од Советот, заедно со барањето бр. 03-1328/1 од 04.08.2017 год., за отфрлање на Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад, беше доставено до Министерот за животна средина и просторно планирање, како имплементатор на проектот за воспоставување на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад во Југозападниот плански регион, да во рок од 15 дена го отфрли предложеното решение.

Поради тоа што до ден денес, не е добиен одговор од Министерот, како и во контекст на донесената одлука од Советот, јас како Градоначалник покренувам иницијатива за распишување на референдум заедно со претстојните локални избори планирани да се одржат на 15-ти Октомври, за изјасување на граѓаните од Општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.

Ги повикувам советниците без разлика на политичка припадност, уште еднаш да ја потврдат својата надпартиска сплотеност и да ја изразат волјата на жителите на Дебрца, и да дадат целосна подршка за дадениот предлог и донесат позитивна одлука за распишување на референдум заедно со претстојните локални избори.

Воедно  барам седницата за расправа да биде закажана под хитна постапка согласно законот,порача градоначалникот Трајковски

Последни измени ( понеделник, 11 септември 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive