Стојановски:ВМРО-ДПМНЕ наметнува бесмислени теми PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 09 септември 2017

jovce5t.jpg-Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да наметнува бесмислени теми во пресрет на локалните избори не смееме да дозволиме да создаваат страв помеѓу граѓаните. Тоа им е единствено што им преостанува, бидејќи и самите се преплашени што правдата конечно ги стигнува. Креирање на лажни вести и сеење на страв помеѓу населението, се нивниот карактеристичен метод на владеење, кој имавме можност повеќе од една деценија да го гледаме и искусиме на сопствената кожа.

ДПМНЕ граѓаните најпрво ги заплашуваше со албански платформи, двојазичност и слични небулози. Сега се обидуваат тоа да го прават со некакво населување на бегалци од Блискиот Исток во Република Македонија. Одат дотаму што тврдат дека Министерството за труд и социјална политика ќе градело станови за бегалците. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Како и многупати досега, така и сега, ВМРО-ДПМНЕ ГИ ЛАЖЕ сопствените граѓани.

Во моментов, на територијата на нашата држава ниту поминуваат бегалци, и најодговорно тврдиме, ниту некој ќе гради станови за сместување на бегалци. Станови ќе има за македонските граѓани кои се социјални случаи, а не за некакви измислени бегалци. Граѓаните се свесни дека овие смешни приказни доаѓаат од центарот за манипулации на ДПМНЕ. Граѓаните знаат и со свои очи гледаа како пред околу година дена, повеќе од милион бегалци доаѓаа преку Грција и ги ризикуваа животите само што побрзо да ја напуштат територијата на Македонија. Нашата држава беше само транзитна, попатна станица на нивниот пат кон Западна Европа.

Апсурдна е предлог одлуката за распишување на референдум за стратегијата за бегалци, која локалната власт на ДПМНЕ и Бакрачески ја наметнаа на седницата на Совет закажана за понеделник. Правото на граѓаните за организирање на референдум е неприкосновено, меѓутоа истото треба да се користи за прашања кои се клучни за граѓаните, а не за спас на Никола Груевски. Всушност ова е идентична стратегија како онаа која во 2009та ја гласаше владата на Груевски, меѓутоа тогаш ДПМНЕ беше на власт и немаше потреба да го заплашува населението со вакви измислени теми. Дури и да се одржат локалните референдуми, СДСМ ќе ги повика граѓаните да гласаат против наводните станови за нивно сместување, бидејќи тие се измислица на ДПМНЕ и такво нешто нема да се случи.

 

Ве уверуваме дека ќе помине и оваа лага. Граѓаните знаат, граѓаните препознаваат кој ја говори вистината. Токму граѓаните се тие кои изгласаа победа на вистината над режимот на ДПМНЕ, и токму граѓаните се тие кои на 15-ти октомври ќе гласаат за живот во Охрид, за живот во секоја општина на Република Македонија,порача координаторот на советничката група на СДСМ-Охрид Јован Стојановски на денешниот прес.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОГЛАСИ

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Кај Билјанини со мотори летаа во воздух

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

BenQ E1260 HDR Vo Foto Rex/4500den

novaparat.jpg

За сите аматери што сакаат убава фотографија без премногу напор и подесувања на својот апарат за сликање. BenQ го нудат новиот E1260 HDR со широк агол и 12 мегапикселен сензор. Со своето автоматско подесување вие ќе можете да направите убави фотографии без разлика на светлосната состојбата.Овој модел нуди HDR можности кои овозможува да ги избегне проблемите со многу контрастни и светли околини, преку намалувањето на прекумерната и минималната експозитура со автоматско подесување на контрастот.

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 



Видео

Последни Вести

Стружанец насилно влегол во Даночното одделение...

kradec500a.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“ и две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга.

Читај повеќе...
 
Водењто на групи во планина е одговорна работа
dode1qq.jpgВодењето групи на туристи,или љубители на природата во планина е сериозан и оговорна работа,беше нагласено на денешната прес конференција на Македонската Асоцијација на Интернационални водичи во Планина - МАИВП.
Читај повеќе...
 
Локалната попушти пред кафеанџиите
patce1ww.jpgНа денешната средба на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со угостителскиот еснаф, беа усогласени повеќе делови од одлуките за плаќање на комунална такса и надоместок за поставување на урбана опрема. Разговорите продолжуваат во среда на 21.02.2018 година, по што предложените одлуки ќе се најдат на  дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид.
Читај повеќе...
 
Во куќа во Песочан изгоре маж
pozar23ww.jpgНа 18.02.2018 година околу 18.00 часот во село, Песочан-Општина Дебарца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т.
Читај повеќе...
 
Вренцоска:Ќе го подигнеме нивото на фестивалот

vrencoska4ww.jpgИ со помалку пари од тие што ги баравме од Министерството за култура,годинава на Охридско лето. со домаќинско работење ќе донесеме врвни уметници,што ќе  останат запаметени во историјата во оваа наша најпрестижна музичко-сценска манифестација,вели директорката на фестивалот Сузана Вренцоска.

Читај повеќе...
 
Кривична за поранешниот директор на Општа болница
bolnica1qq.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Охрид.
Читај повеќе...
 
СДСМ:Кој заборави на казнената експедиција во Косел
sdsm77y.jpgЛуѓето кои со години, под притисоци и закани за отказ, носеа партиски војници по митинзи, протести и контрапротести, не можат да зборуваат за партизација на секоја клетка во нашето општество. Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека граѓаните ги преспале изминатите десет години, години во кои ја цицаа крвта и достоинството на секој човек, просветар, правник, архитект, уметник. Од ВМРО ДПМНЕ се чини сметаат дека сите овие луѓе и многу други, не гледаа во немоќ додека партиски војници ги добиваа работните позиции за кои тие се учеле и образовале. Граѓаните добро знаат и никогаш нема да заборават како адвокати стануваа министри за здравство, а потоа и образование, за тоа какви луѓе ја водеа културата, внатрешните работи.
Читај повеќе...
 
Нова турска компанија ќе лета од Истанбул до Охрид
turska1ww.jpg Турската нискобуџетска компанија „ОНУР-ЕАР“ , еднаш неделно,  ќе има директна авиолинија од Истанбул до Охрид.
Читај повеќе...
 
Спортските натпревари да не се злоупотребуваат

stefan8000.jpgПолициската станица од Струга, деновиве иницираше работен сопстанок со комесарите за безбедност од втората Македонска фудбалска лига-Запад од фудбалските клубови во општина Струга.

Читај повеќе...
 
Важно соопштение на Антонио Додевски од...
antoniod1q.jpgВо периодот од 15 - 18.02.2018 година, на Попова шапка, ќе биде спроведен експертски мониторинг на зимската обука која ја спроведува МАИВП, од страна на техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML (International Mountain Leader),соопшти Антонио Додевски Генерален Секретар на Македонската Асоцијација на Интренационални Водичи во Планина.По овој повод  ќе се одржи прес  конференција во Винаријата на "Вила Мал Св. Климент" во Охрид, на 19.02.2018 година (Понеделник), со почеток во 11.30 часот

Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive