Тетовец кај Охрид предизвикал сообраќајка од ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 13 август 2017

svrstruga2q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Х.Ј.(30) од тетовското село Пршовце.


  Пријавениот, казненото дело го сторил на 12-ти јуни оваа година во 12 часот и 30 минути со предизвикување сообраќајна незгода на регионалниот пат  Подмолје – Струга. Сообраќајната незгода  се случила меѓу патничките возила „Ренаулт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од сега пријавениот и  „Мерцедес“ со охридски таблици управувано од М.С. од Охрид, кои на патот се движеле во спротивни насоки. 
 
- Причина за сообраќајната незгода е недржење страна на движење на коловозот односно не  држење на  возилото „Ренаулт“ управувано од пријавениот Х.Ј. поблиску до десниот раб од коловозот. Поради тоа, ова возило преминало на левата сообраќајна лента и со предниот лев дел  удрило во предниот лев дел од патничкиот автомобил „Мерцедес“,информира портпаролот на СВР-Охрид м-р Стефан Димоски.

 Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Ренаулт“, Е.Ј. од селото Пршовце кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ додека со полесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило. Тие, заедно со возачот на автомобилот „Мерцедес“, кој имал полесни телесни повреди, по укажана неопходна медицинска помош во болницата, се пуштени на домашно лекување.

 По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, извршен е увид од страна на полициски екипи од полициската станица во Струга.  

 

 

Последни измени ( недела, 13 август 2017 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive