Смени во Струшките вечери на поезијата PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 11 август 2017
darko1ww.jpgПоетот Дарко Лешоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој на оваа функција беше од 2008.

„Чест ми е да се вложам целосно во враќањето на сјајот на СВП. Сакам да застанам ‘на нозе’ прво и да разговарам со сите луѓе вклучени во СВП пред да дадам било каква изјава околу тоа“, ни рече денеска Лешоски на прашањето за тоа каков ќе биде неговиот концепт за најголемата поетска манифестација во земјава.

Тој на ова место доаѓа од позицијата во новиот владин сектор за информации.

Дарко Лешоски, родум од Вевчани, се прослави со поезијата што ја објавуваше прво на Фејсбук, а во 2013 излезе неговата прва збирка „Дете од лоша фамилија“ во издание на „Табернакул“. Промоцијата беше еден од најпосетените поетски настани, а целиот тираж на збирката се потроши за рекордно кусо време. Во јули годинава излезе неговата втора збирка, „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“, приватно спонзорирано издание без поддршка од Министерствота за култура. Како граѓански активист изминативе години Лешоски беше активен на социјалните мрежи и на протестите на Шарената револуција.

Годинашното 51. Издание на СВП ќе се одржи на крајот на месецов, но иако на директорот Мите Стефоски му е истечен мадантот, тој ќе остане на функцијата и по локалните избори закажани на 15 октомври. Од Министерството за култура велат дека и покрај истечениот мандат, не може да распишат конкурс за нов директор бидејќи е започнат предизборниот период. Нов директор ќе се бира по завршувањето на локалните избори.

Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ.

СДК

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОГЛАСИ

 gumno1.jpgProdavam stan vo centar na ul.Jane Sandanski nasproti vila Amerikano 50m2 + 7m2 podrum, so parking prostor, na 3 kat, na juzna strana so pogled na ezero. Ima: spalna soba so terasa,dnevna, kujna, kupatilo i hodnik.10 min od ezero i gradska ~ar{ija. Mnogu ubava i mirna lokacija.

Tel za kontakt: 046266087- 075/696-103

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Кај Билјанини со мотори летаа во воздух

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

BenQ E1260 HDR Vo Foto Rex/4500den

novaparat.jpg

За сите аматери што сакаат убава фотографија без премногу напор и подесувања на својот апарат за сликање. BenQ го нудат новиот E1260 HDR со широк агол и 12 мегапикселен сензор. Со своето автоматско подесување вие ќе можете да направите убави фотографии без разлика на светлосната состојбата.Овој модел нуди HDR можности кои овозможува да ги избегне проблемите со многу контрастни и светли околини, преку намалувањето на прекумерната и минималната експозитура со автоматско подесување на контрастот.

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 



Видео

Последни Вести

Чарлс Симиќ:"немам порака,поетите треба да пишуваат

carls4r.jpgПаркот на поезијата во Струга e побогат за уште едно дрво - засадено од годинашниот добитник на „Златниот венец“, големиот американски и светски поет Чарлс Симиќ.

Читај повеќе...
 
Фатне бегалец од затвор осуден на 20 години затвор

svroohrid2q.jpgНа 19-ти овој месец, полициски оперативци од полициската станица од Кичево го пронајдоа и приведоа Р.А.(41) од Куманово-осудено лице на издржување на казна затвор во траење од 20 години за повеќе сторени тешки казнени дела. Истиот е лишен од слобода, а потоа е спроведен во Казнено поправниот дом во Штип.

Читај повеќе...
 
СДСМ-Дебраца:Празен извештај на Трајковски
debarca9.jpgДенешната прес конференција и наводниот Отчет на градоначалникот на општина Дебрца, Трајкоски претставува уште еден очајнички обид за дефокусирање на јавноста и продолжение на четиригодишното замајување на граѓаните на Дебрца, со тавтолошко набројување на истите проекти.
Читај повеќе...
 
Локалната ја негира вмешаноста на Бакрачески во...
kod5a.jpgВчеравечер по претходна официјална покана од Дирекцијата на фестивалот Охридско лето, Градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на чинот на свеченото затворање на фестивалот на сцената во охридската касарна кадешто се одржуваше претставата „Ничија земја„ на кој настан беа присутни голем број на официјални лица и владини претставници (министри, заменици министри, директори а меѓу нив и Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Талат Џафери ).   
Читај повеќе...
 
"Охридско лето" заврши со тепачка меѓу Бакрачески и...
dvoecbk.jpgПо завршувањето на претставата „Ничија земја” која што беше одиграна на просторот кај охридската касарна синоќа на коктелот дошло до инцидент меѓу градоначалникот на Охрид Н.Б. и познатиот актер С.К, потврди полицијата. Најпрво дошло до вербална расправија меѓу Никола Бакрачески и Сашко Коцев, а потоа и до физички контакт. Полицијата утврдува кој кого го нападнал, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од полицијата.
Читај повеќе...
 
Кај "Андон Дуков" откриени се 40 килограми дрога
droga555mm.jpgВо координирана акција на СВР Охрид и криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи реализирана во Охрид, пронајдени се и одземени околу 40 килограми зеленкаста растителна материја, најверојатно опојна дрога марихуана
Читај повеќе...
 
Со "Ничија земја" заврши Охридско лето
krajk1q.jpgНа сцена што досега не била користена – воената касарна на АРМ,вечерва,  МНТ со драмската претстава „Ничија земја“, заврши уште едно  „Охридско лето“
Читај повеќе...
 
СДСМ-Дебарца:Трајкоски се растурил од возење...

debarca9.jpgГрадоначалникот на општина Дебрца не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка.

Читај повеќе...
 
Учебната година ќе започне на четврти септември
kliment01.jpgУчебната година оваа година ќе започне на 4 септември, соопшти Министерството за образование и наука.
Читај повеќе...
 
Работилница за изворно пеење во Вевчани

rabo1ee.jpgВо рамки на фестивалот за народна култура ,,Пображење,, деновиве се одржува и работилница за традиционално изворно пеење предводена од  доц.д-р.Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколог при  Институтот за фолклор ,,Марко Цепенков,, - Скопје. Целта на работилницата е запознавање на младите со традиционалното изворно пеење и поттик за негово негување, презентирање и пренесување едни на други.

Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive