Спасески-Охридски:Одам по патот на Михаил и Ефтихиј PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 09 август 2017
dras5q.jpgМултимедијален проект со ликовни дела на македонскиот уметник Драган Спасески Охридски беше отворен синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид,  во рамки на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Отворајќи ја изложбата, историчарот на уметност, академик Цветан Грозданов подвлече  дека циклусот насловен како „Мајка и дете“ содржи 30 изненадувачки  експонати  создадени од уметникот Спасески.

 

 

- Овие експонати изненадуваат. Има голем циклус на мајка и дете.Тоа е циклус на Христос и Богородица. Тоа е циклус на обичен човек. Во црквата „Света Богородица-Перивлепта“  го има еден од најголемите вакви циклуси  во светот, дело на големите зографи Михаил и Ефтихиј. И таму се насликани околу  30 сцени почнувајќи од Рождеството Христово, рече академик Грозданов.

dras2q.jpg

 

 

Зборувајќи за самиот автор, академик Грозданов рече дека го познава триесеттима, а можеби и повеќе години. Според него, Драган Спасески –Охридски е неверојатен читач кој постојано читал теорија на книжевноста, литература, поезија, проза, но и сликал.

 

 

- Овој циклус „Мајка и дете“ покажува дека Драган Спасески Охридски сака да кореспондира со духовното. Тој е модерен уметник  во модерна смисла, но не е имитатор. Тој е уметник којшто се враќа на антиката, на ренесансата , на неокласицизмот, се до наше време и не повторува никого.

 

 

 

Авторот на мултимедијалниот проект појасни дека „ Човекот е трепет и ангелот  трепет е,  а ти Боже мој...“ е всушност пресек од неговото досегашно творештво, а неговата желба е да го продолжи творечкиот пат на зографите Михаил и Ефтихиј.

 dras3q.jpgdras4q.jpg

 

 

- Мојата желба беше да го продолжам патот на Михаил и Ефтихиј .Како пчела одам од цвет на цвет, собирам се што е најзначајно во цивилизациска смисла и ставам авторски печат на она што го создавам, без да ми биде важно дали тоа е трендовски или не е, дали се исплатува или не. Едноставно,  го следам  својот пат на духовното, на фантастичното и еротското во сликарството. Тоа е еден дел на проектот. Другиот дел е промоција на книга со истиот наслов, која што од правдани причини, за отворањето на изложбата не беше презентирана,  туку ќе биде претставена во друг дел од оваа изложба, рече уметникот Драган Спасески Охридски.

 

 

Изложбата со неговите дела ќе биде отворена во црквата „Света Софија“ до 20-ти август. Многубројните посетители на отворањето, според академик Цветан Грозданов“ покажуваат колку авторот е ценет како пријател и сограѓанин.

 

 

Уметникот Драган Спасески Охридски е голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава. Тој е еден од првите автори кој уште кон крајот на осумдесеттите години  на минатиот век се претставува со мултимедијални проекти пред љубителите на уметноста. Зад него стојат повеќе вакви проекти почнувајќи од „Апокалиптичен Нарцис“  што беше претставен во 1989 година. За следната година, овој исклучително вреден, плоден и интересен уметник, најавува и голем архитектонски проект. По професија, Драган Спасески Охридски  е доктор-специјалист ортопедски хирург.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОГЛАСИ

 gumno1.jpgProdavam stan vo centar na ul.Jane Sandanski nasproti vila Amerikano 50m2 + 7m2 podrum, so parking prostor, na 3 kat, na juzna strana so pogled na ezero. Ima: spalna soba so terasa,dnevna, kujna, kupatilo i hodnik.10 min od ezero i gradska ~ar{ija. Mnogu ubava i mirna lokacija.

Tel za kontakt: 046266087- 075/696-103

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Кај Билјанини со мотори летаа во воздух

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

BenQ E1260 HDR Vo Foto Rex/4500den

novaparat.jpg

За сите аматери што сакаат убава фотографија без премногу напор и подесувања на својот апарат за сликање. BenQ го нудат новиот E1260 HDR со широк агол и 12 мегапикселен сензор. Со своето автоматско подесување вие ќе можете да направите убави фотографии без разлика на светлосната состојбата.Овој модел нуди HDR можности кои овозможува да ги избегне проблемите со многу контрастни и светли околини, преку намалувањето на прекумерната и минималната експозитура со автоматско подесување на контрастот.

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 



Видео

Последни Вести

Приведени две лица по вчерашните пукотници во...

svroohrid2q.jpgСВР Охрид лиши од слобода две лица и презема мерки за пронаоѓање на едно лице-можен сторител на казненото дело „убиство во обид“ извршено вчера во 13 часот и 45 минути на булеварот „Туристичка“  во Охрид.  Двете лица, вчера во 17 часот, во полициската станица во Охрид, се лишени од слобода, кои, во моментот на извршување на казненото дело биле со можниот сторител.

Читај повеќе...
 
Пукотници во центарот на Охрид

ohrid3w.jpgДенес колу 14 часот на Булеварот Туристичка во Охри,во близината на хотелот Дончо  засега непознат сторител пукал од огнено оружје и повредил едно лице.

Читај повеќе...
 
Сружанец низ пенџера влегол во куќа и украл пари...
kradec500.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга.
Читај повеќе...
 
Охриѓани утре ќе играат фудбал и ракомет за...
jane1qq.jpgОхриѓани утре ќе играат ракомет и мал фудбал за поддршка на лицата со ретки болести. Хуманитарниот турнир „Сите играме за Јане“, кој почнува на пладне, ќе се оддржи во спортската сала „Билјанини извори“ , а фудбал ќе игра и деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија и е врзан за инвалидска количка.
Читај повеќе...
 
Младите ротаријанци организираа...
rotara1ww.jpgЧленови на Ротаракт Клубот Охрид и на Здружението за мултикултурна интеграција ''Инклузија'', одржаа работилница со ученици од трета година во Средното Стручно Општинско Училиште, ''Св. Кирил и Методиј'', во пресрет на 10-ти Декември, меѓународен ден на човековите права.
Читај повеќе...
 
Бактерии ги загадија Билјанини Извори

pres4ee.jpgВодата во прочуените Билјанини Извори во Охрид е полна со бактерии и не е употреблива за пиење,соопштија од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Читај повеќе...
 
Вера Матеска напиша книга за семејството Мишеви

misevi1qqd.jpgНа 9-ти декември (сабота) со почеток во 17:00 часот во Градската библиотека во Охрид ќе се одржи промоцијата на книгата првенец на охриѓанката Вера Митеска - „Охридската фамилија Мишеви“.

Читај повеќе...
 
Наградата на Охрид за д-р Никола Бошале

bosale1qq.jpgГодинешен добитник на  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“е проф. д-р. Никола Бошале.

Читај повеќе...
 
Ридче од шут на влезот во Охрид

shut1wd.jpgВо населбата Далјан,на самиот влез во Охрид од правец на Струга, никна цело ридче од градежен шут.Овде  отпадот го одлагале градежните фирми кои интензивно градат нови објекти низ градот.Шутот е во близината на езерото и на поголем број станбени згради.Сега бившата локална власт ги толерираше вавките активности и не преземаше мерки се со цел да не ги иритираат моќните сопственици на градежни фирми,посебно пред последните локални избори.

Читај повеќе...
 
Од "ТТК-банка" во Струга ограбени 60 илјади денари

kradec500a.jpgСВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено вчера во експозитурата на „ТТК банка“ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.

Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive