Босанец прелажал Албанец за виза за Швајцарија |
|
|
|
сабота, 17 јуни 2017 |
Поради
постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, криминалистичката
полиција од Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (37) од Тузла-Босна и
Херцеговина, со привремен престој во Струга.
Пријавениот во текот на јануари оваа година, на својот
фејсбук профил објавил лажна страница со назив ,,Vize pune per Europ,, на која се преставил како посредувач-вработен во агенција за
посредување за добивање на Швајцарска виза и оставил телефонскиот број за
контакт преку апликацијата „WATSAPP“. Набрзо, на посочениот број му се јавил
Е.П. (23) од Поградец-Албанија по што на почетокот на минатиот месец, дошло до
нивна меѓусебна средба во Струга.
Притоа, Е.П. на пријавениот му предал патна исправа и комплет
документи како и 450 евра во надеж дека
набрзо ќе ја добие ветената виза за Швајцарија. Веднаш по средбата, сега
пријавениот го избришал фејсбук профилот
и го исклучил мобилниот телефонски број.
По преземени оперативни мерки, утврден е
идентитетот на сторителот и извршен е претрес во неговиот дом.
|