Кадровски смени во безбедносните служби PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 17 јуни 2017
smeni1q.jpgВладата ги избра Лазо Велковски за директор на Бирото за јавна безбедност и Горан Николовски за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на денешната седница на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Николовски е вработен во УБК како раководител на Одделот за контраразузнавање за Балкан, а Велковски, долгогодишен вработен во МВР, во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, до формирањето на техничката Влада, бил преместен во Агенцијата за разузнавање.

Двајцата доаѓаат на местата на Митко Чавков во БЈБ и  на Владимир Атанасовски во УБК, кои си заминуваат со сомневања за тешки злоупотреби во вршењето на функциите на овие две клучни директорски места во МВР.

„На владината седница е констатирано дека новоименуваните директори, Велковски и Николовски, се квалитетни експертски решенија со долгогодишно работно искуство во областа, кои не биле и не се членови на политички партии. Изразено е уверување дека Велковски и Николовски успешно ќе одговорат на одговорностите во двата важни органа за безбедноста, што функционираат при МВР, на чии челни позиции се поставени, со оглед дека претстојат сериозни реформи во МВР и во тајните служби, согласно забелешките на Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе. За разрешените директори Чавков и Атанасовски е констатирано дека учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата“, соопштија од Владата.

СДК

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive