СДСМ-Охрид:На Бакрачески сите му се виновни PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 16 јуни 2017
sdsm77y.jpgГрадоначалникот во заминување, Никола Бакрачески, во неговото јавно обраќање со отчет за четиригодишниот мандат, како и секогаш, за неуспесите на локалната власт, ги обвини сите освен самиот себе.
Бакрачески не кажа ниту збор за нереализираните капитални проекти со кои ги излажа граѓаните пред четири години. Не стана ниту збор за затворениот пазар, за автобуската станица, за домот за возрасни лица, марината, најавените големи хотелски имиња и катните гаражи, ветување со кои четири години ги лажеше граѓаните.
За Бакрачески најголемо достигнување било справувањето со долгот, без при тоа да каже ниту колкав бил точно тој долг пред четири години, ниту колкав е сега. За потсетување, Бакрачески досега споменуваше неколку паушални бројки од 25, 33 па се до 50 милиони евра.
Наместо да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција, Бакрачески се оправдува со политичката и општествена криза, со лошата меѓуинституционална соработка, па дури се пожали и на опструкции од централната власт водена од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Накратко, отчетот на градоначалникот во заминување, се сведе на барање виновници за неговата неспособност да раководи со општината.
Затоа веќе есенва, граѓаните на Охрид ќе го казнат ваквото неодговорно владеење на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. Охрид ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ, која во прв план ќе ги стави интересите на граѓаните и на општина Охрид. 
 
Центар за комуникации
ОО СДСМ Охрид

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive