Братот на Парис Хилтон украл "бентли" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 07 мај 2017
hilton1q.jpgКонрад Хилтон (23), еден од наследниците на големиот синџир на хотели „Хилтон“ и помалиот брат на богатата џетсетерка Парис Хилтон беше уапсен рано во саботата наутро откако се обидел да влезе во куќата на неговата поранешна девојка и го украл бентлито на нејзиниот татко.

Полицијата од Лос Анџелес соопшти дека Конрад ја прекршил наредбата за забрана за приближување на поранешната девојка и бил уапсен околу 4.50 сабајлето пред нејзината куќа во Холивуд.

Хилтон бил фатен од полицијата во бентлито на таткото на девојката и бил задржан во притвор со обвинение дека украл кола и ја прекршил судската наредба за забрана за доближување. Судијата побарал кауција од 60.000 долари за Конрад да може да се брани од слобода.

Таткото на девојката е Рик Саломон кој некогаш се забавувал со сестра му на Конрад, Парис Хилтон. Тој е познат и по тоа што два пати бил оженет и два пати се разведувал од глумицата Памела Андерсон.

Ова не е прв пат младиот богаташ да има проблеми со законот. Во 2014 година тој беше уапсен откако за време на комерцијален лет на Бритиш ервејз од Лондон за Лос Анџелес, пушел марихуана, а потоа хистерично им се заканувал на стјуардесите и на сите во авионот дека „ќе ги ебе затоа што се сељачишта“.

Конрад потоа бил условно казнет на три години, платил парична казна и морал да извршува општественокорисна работа 750 часа, а морал и задолжително да посетува советување за одвикнување од дроги.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive